Занемарени верски забрани

Занемарени верски забрани

 

Занемарени верски забрани

 

[ مقدوني Macedonian– Македонски ]

                  

 

Мухамед Салих Ел Мунеџид

—™

 

Превод: Талха Куртиши

Рецензија: Џевад Хот

Јазична редакција: Фатмир Ковачи

 

محرمات استهان بها كثير من الناس

 

  

محمد صالح المنجد

 

—™

 

ترجمة: طلحة كورتيشي

مراجعة شرعية: جواد حمزة حوت

تدقيق لغوي: فطمير كوفاتشي

Предговор

 

 

            Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме и од Него помош и прошка бараме. Бараме заштита кај Аллах да нè сочува од злото на нашите души и од грдоста на нашите дела. Кого Аллах ќе го упати тој нема да заталка, а кого во заблуда ќе го остави тој патот нема да го најде. Сведочам дека Аллах е единиот вистински Бог кому никој не му е рамен и дека Мухамед е Негов роб и пратеник. Во продолжение велам, Аллах не обврзал со задолжителни дела (фарзови) чиешто запоставување не е дозволено, поставил граници кои не смеат да се погазат, забранил работи кои не смееме да ги работиме. Божјиот пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Она што Аллах го дозволил во Неговата Книга ви е дозволено (халал), она што го забранил е забрането (харам), а она што го премолчил ви е простено, па примете го од Аллах она што ви е простено. Навистина, Аллах никогаш не заборава. Потоа го прочитал овој ајет: 'А Господарот твој не заборава.'[1]

Верските забрани се граници поставени од Возвишениот Аллах: „Тој што ги преминува Аллаховите граници, самиот себеси неправда си чини.[2]

Аллах му се заканува на тој што ги крши Неговите прописи и ги гази Неговите светости. Возвишениот вели: „А тој што ќе му биде непокорен на Аллах и на Неговиот Пратеник, и што преку границите Негови ќе преминува, Тој ќе го фрли во Огнот во кој вечно ќе остане. Нему му припаѓа срамна казна![3]

Избегнување на верските забрани е строга обврска потврдена со зборовите на Божјиот Пратеник: „Она што ви го забранив – избегнувајте го, а она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете.[4]

Очигледна е појавата кај некои следбеници на страста, слабодушни и со минорно знаење, кои кога ќе слушнат за верските забрани веднаш изразуваат незадоволство и, офкајќи, велат: Сè е забрането, не оставивте ништо а да не кажавте дека е харам, ни го загорчивте животот, го направивте неподнослив, ни ги стиснавте градите, кај вас сè е забрането и недозволено. Верата е лесна, има простор, Аллах простува и Сомилосен е. Ова е одговорот за ваквите: Навистина Аллах пресудува како што сака, Неговата пресуда никој не може да ја поништи, Тој е Мудриот и Сезнајниот. Тој, Возвишениот, дозволува што сака и забранува што сака. Правило на нашата покорност кон Аллах е: да бидеме задоволни со Неговата одредба и потполно да се предадеме. Неговите прописи извираат од Неговото знаење, мудрост и праведност и не се залудност и поигрување. Како што е спомнато во ајетот: „Зборовите на Господарот твој се врв на вистината и правдата; Неговите зборoви никој не може да ги измени и Тој сè слуша и сè знае.[5]

Тој јасно го објаснил критериумот според кој нешто е дозволено (халал) а нешто забрането (харам), велејќи: „...кој убавата храна им ја дозволува, а лошата им ја забранува...[6] Па, убавото е дозволено а лошото е забрането. Единствено Аллах има право да одреди што е дозволено а што забрането; Секој што ова право си го припишува себеси или му го потврдува на некој друг е неверник и отпадник од верата. „Зарем тие имаат божества кои им пропишуваат да веруваат тоа што Аллах не им го дозволил?[7]

Воедно не е дозволено и некој да зборува за дозволеното и забранетото (халалот и харамот), освен учените, кои добро го познаваат Куранот и Сунетот. Во Куранот строго се опоменува тој што ќе дозволи или ќе забрани нешто, без неопходното знаење, Возвишениот вели: „И не зборувајте лаги со јазиците свои: 'Ова е дозволено, а ова забрането', за така да изнесувате лаги за Аллах...[8]

Недвосмислените забрани се спомнати во Куранот и во Сунетот. Пример е ајетот: „Кажи: Дојдете да ви кажам што ви пропишува Господарот ваш: ништо да не Му здружувате, на родителите добрина да им правите, а децата свои, поради сиромаштија, да не ги убивате...[9] И во Сунетот (традицијата на Божјиот Пратеник) се спомнати многу забрани. Пример е хадисот на Божјиот пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем: „Аллах го забранил продавањето на вино (алкохол), на мрши, на свињи и на идоли.[10] Пример е и хадисот: „Кога Аллах ќе забрани нешто ја забранил и заработката од него.[11]

Во одредени текстови на Објавата се спомнати одредени категории на забранети работи, како што Аллах ги спомнува забранетите работи од категоријата на храната: „Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено, убиено со удар, и што е при пад загинато, и со рог прободено, или убиено од ѕвер...[12]

Како забрани поврзани со бракот Аллах ги спомнува: „Ви се забрануваат: мајките ваши, и ќерките ваши, и сестрите ваши, и сестрите на татковците ваши, и сестрите на мајките ваши, и ќерките од браќата ваши и од сестрите ваши, и помајките ваши што ве доеле, и сестрите ваши по млеко...[13]

Пример на забрани поврзани со заработката се спомнуваат во ајетот: „А Аллах ја дозволил трговијата, а ја забранил каматата.[14]

Аллах, кој е Милостив кон неговите робови, ни дозволил многубројна, разновидна, вкусна и корисна храна. Од оваа причина не ги спомнал во детали дозволените работи кои се бројни и не можат да се опфатат. Забраните, кои се малубројни, се детално спомнати за да ги знаеме и за да се оддалечиме од нив, како што стои во ајетот: „Тој ви го објасни (во детали) тоа што ви го забрани - освен кога сте присилени...[15] Од друга страна, пак, халалот е дозволен со воопштена форма дефиниран со критериумот убаво (добро, корисно): „О, луѓе, јадете од тоа што е на Земјата, што е дозволено и убаво. И не следете ги шејтановите стапки бидејќи тој ви е очигледен непријател![16] Така, со Аллахова сомилост сите работи во основа се дозволени сè додека со доказ од објавата не се потврди дека нешто е забрането (харам). Ова е знак на дарежливоста на Аллах и доказ за неговото олеснување на луѓето, па затоа наша обврска е покорноста, благодарноста и славењето на Бога. Некои луѓе, кога ќе видат дека забраните се детално набројани, се чувствуваат нелагодно поради овие верски прописи. Ова е резултат на нивниот слаб иман и недоволното разбирање на шеријатот. Можеби истите сакаат да им се набројат категориите на дозволеното, за да се убедат дека верата е олеснување? Дали сакаат да им се набројат сите видови на добро и убаво за да се смират и да разберат дека шеријатот не сака да им ја наруши убавината на живеењето? Или бараат да им се каже дека месото од прописно закланите камили, говеда, овци, зајаци, газели и живината им се дозволени, и дека се дозволени мршите на скакулците и рибите? Зеленчукот, зрнестите култури, овошјата и сите житарици и плодови се корисни и халал. Дозволени се и водата, млекото, медот, зејтинот и оцетот. Тука спаѓаат и солта, сосовите и зачините, и тие се халал. Користењето на дрво, железо, песок, камења, пластика, стакло и гума е исто така дозволено. Дозволено е и користењето на животните, автомобилите, возовите и авионите за транспорт. Дозволени се климатизерите, фрижидерите, машините за перење и сушење алишта, мелниците, блендерите, мешалките за тесто и соковниците. Инструментите на медицината и инжинерството, информатиката, за следење на вселената, за црпење на водата и нафтата и за ископување на металите, технологијата за десалинизација, печатниците и компјутерите, сите се дозволени. Дозволена е и облеката изработена од памук, лен, волна, крзно, влакна, дозволена кожа, синтетика и полиестер. Дозволени се бракот, купопродажбата, изнајмувањето, трансферот, гаранцијата како и различните професии – ковач, столар, механичар или чобан. Што мислите вие, до каде ќе стигнеме доколку продолжиме да ги набројуваме дозволените нешта? Па што им е на овие луѓе?! Како да не разбираат што им се зборува! Нивната аргументација дека верата е лесна е вистинско тврдење кое се користи за нешто што не е вистина. Концептот на лесно во оваа религија нема врска со страстите на луѓето и со нивните размислувања. Олеснувањето е одредено со текстовите на шеријатот. Да се направи нешто што е недозволено (харам) па несоодветно да се аргументира со тврдењето дека верата е олеснување, во кое нема сомнеж, се разликува многу од верски аргументираните олеснувања. Верски аргументирани олеснувања се спојувањето и кратењето на намазите при патување, непостењето за време на патување, месхот преку местви и чорапи во период од едно деноноќие за тој што е дома и три деноноќија за патникот. Дозволено е и симболичното чистење (тејемум) кога има ризик од користење на водата за абдест и гусул, споено клањање на два намаза (пладне со икиндија или акшам со јација) за болниот, при ситуација на страв, при патување и кога врне. Во таа категорија спаѓа и гледањето на жената, која му е туѓа, при искажана намера за веридба, избирањето на една од опциите при искупување за заклетва која не е исполнета, конзумирање на месо од мрша во исклучителни ситуации, како и други дозволи и верски олеснувања. Како појаснување на погоре спомнатото ќе додадеме дека муслиманот треба да знае дека во верските забрани има мудрости меѓу кои се следниве: Аллах ги става на искушенија своите робови со овие забрани за да ги тестира како ќе се однесуваат. Тoa се критериуми на одвојување на жителите на рајот од жителите на пеколот: во пеколот ќе бидат тие што потполно се нурнале во страстите со кои е опкружен пеколот, додека во рајот ќе влезат тие што биле трпеливи при тешкотиите со кои е опкружен рајот. Да не беа овие искушенија немаше да се знае кој е грешник а кој е покорен. Верниците тежината на обврските ја гледаат преку исчекувањето на наградата, со извршување на наредбите целат кон Аллаховото задоволство и со тоа потешкотиите им стануваат полесни. Лицемерите кон тешкотиите на обврските гледаат со око на болка, мака и лишеност, па затоа истите ги сметаат за бреме и тежина. Убавината на нешто што ќе го оставиме заради Аллах, за коешто Бог ќе ни надомести, како и сласта на иманот во срцето ќе ја почуствува тој што покорно ќе се оддалечи од верските забрани. Во оваа книга на почитуваниот читател ќе му презентираме некои верски забрани кои се потврдени во исламскиот верозакон, како и верските докази од Куранот и Сунетот за таквото тврдење. Исламските зналци напишале книги за верските забрани, како и за некои категории како што се големите гревови, а една таква корисна книга е делото „Тенбихул гафилин ан амалил џахилин“ на авторот Ибн Нухас Ед Димешки, рахимехул-лах. Овие верски забрани се распространети и можат да се забележат честопати и кај многу муслимани, па затоа сакав да ги посоветувам и да им објаснам. Го молам Аллах да нè упати и да ни даде успех, да ни овозможи да ги почитуваме Аллаховите ограничувања, да нè оддалечи од забраните и лошите дела, Тој е најдобар заштитник и Најмилостивиот од милостивите.

Ширкот (да изедначиш некого/нешто со Аллах) е апсолутно најголемата верска забрана:

                Во хадисот што го пренесува Ебу Бекрете, радијал-лаху анху, е кажано: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Зарем не сакате да ве информирам за најголемиот од големите гревови (три пати)?“ Одговорија: 'Секако Божји Пратенику.' Рече: 'Да сметаш дека некој му е рамен на Аллах (Ширк).'“[17]

Можно е Аллах да прости секој грев, освен ширкот, за кој е неопходно посебно покајание. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа, кому Тој сака![18]

Во категориите на ширк спаѓа и тој со кој се излегува од исламот, а вршителот на истиот ќе биде вечно во пеколот доколку умре во таа состојба. Манифестациите на ширкот во оваа форма се присутни во многу муслимански земји: Обожувањето на гробови, верувањето дека евлиите, кои се веќе мртви, ги исполнуваат желбите и ги отстрануваат потешкотиите, барањето на помош од нив, особено во тешки ситуации. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате...[19]

Во оваа категорија спаѓа и молитвата упатена кон Божјите пратеници и добрите луѓе (кои се веќе на оној свет) барајќи нивно заземање (шефаат) и помош при тешки ситуации. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Тој Кој на човекот кој е во неволја, кога ќе Му се обрати, му се одѕива, и Кој злото го отстранува… Зарем покрај Аллах постои друг бог?![20] Некои од нив името на шејхот или тој што го сметаат за светец го спомнуваат во секоја состојба, при стоење, седење, дури и при сопнување, кога се во неволја, искушение или грижа, едниот вели: О Мухамед, другиот: О Али, третиот го повикува Хусеин, четвртиот Ел Бедеви, петтиот му се обраќа на Ел Џилани, шестиот на Шазили, седмиот на Рифаи, Ел Идрус, Зејнеб, некој му се моли на Ибн Улван, а нашиот Господар вели: „Тие на кои, покрај Аллах, им се молите, навистина се робови како и вие. Па молете ги и нека ви се одѕвијат ако ја зборувате вистина![21] Некои обожувачи на гробовите прават таваф околу истите, ги допираат нивните агли, потоа,  ги допираат со своите тела, ги бакнуваат нивните прагови, нурнуваат во нивната земја со своите лица, им чинат сеџда на истите и пред нив скрушено, понизно и потчинето стојат, барајќи лек, пород и олеснување на работите, умрениот го повикуваат со зборовите: Господине! Од далеку дојдов – не изневерувај ме, Аллах, субханеху ве теала, вели: „Кој е во поголема заблуда од тие што, наместо на Аллах, им се молат на оние кои до Судниот ден нема да им се одѕвијат и кои се рамнодушни кон нивните молби.[22]

Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Тој што ќе умре молејќи друг освен Аллах ќе влезе во џехенем.[23] Има и такви кои ги бричат своите глави при посета на гробовите, па и такви кои имаат книги со наслов: Прописи за аџилак на светите места, за какви ги сметаат гробовите и турбињата на светците (евлиите). Некои веруваат дека нивните евлии имаат контрола врз вселената, можат да нанесат штета и да заштитат од зло. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Ако Аллах ти даде некаква неволја, никој освен Него не може да ти ја отстрани, а ако ти посака добро, па никој не може да ја спречи Неговата благодат...[24]

Во категоријата на здружување (ширк), спаѓа и заветот во име на некој друг а не во името на Аллах. Такви завети се на пример дека ќе запалам свеќа или ќе осветлам гроб на некој „светец“. Во голем ширк спаѓа и колењето курбан посветен на некој друг освен Аллах, а Аллах, субханеху ве теала, вели: „... па затоа моли Му се на Господарот свој и курбан коли.[25] Што значи „курбан коли само во име на Аллах“?Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Аллах го проколнал тој што ќе заколе курбан за некој друг освен за Аллах.[26] При колење можат на едно место да се најдат две забрани, курбан посветен на некој друг освен Аллах и неспомнувањето на Аллаховото име. И двете работи го забрануваат јадењето на месото од тоа животно. Такви курбани од времето на незнаењето (џахилијетот), кои се среќаваат во ова време, се курбаните посветени на џините. На пример, некој ќе купи или ќе изгради куќа, ќе ископа бунар и ќе заколе курбан врз темелите или над градбата, како заштита и поради страв од злото кое можат да им го нанесат џините.[27] Примери за голем ширк кои се распространети денес се и: дозволувањето на она што Аллах го забранил, или забрана на она што Аллах го дозволил, верувањето дека некој друг освен Аллах го има тоа право, парничењето пред судови и овосветски закони, доброволно, без потреба или примораност, и со убеденост дека тоа е безусловно дозволено. Оваа форма на големо неверство ја спомнува Аллах, аз-зе ве џел-ле, во ајетот: „Тие, покрај Аллах, за божества ги сметаат свештениците свои, и монасите свои.[28] Кога Адиј го слушна Божјиот Пратеник како го чита овој ајет рече: Тие не ги обожуваат, на што Божјиот Пратеник рече: „Така е, но дали им го дозволувале тоа што Аллах им го забранува, па тие го сметале за дозволено, или им го забранувале дозволеното, па тие го сметале за забрането, на тој начин тие ги обожуваат.[29] Во описот на политеистите Аллах вели: „...не го сметаат за забрането тоа што Аллах и Неговиот Пратеник го забрануваат и не ја исповедаат вистинската вера...[30]

Аллах, субханеху ве теала, вели: „Кажи: 'Кажете ми зошто некоја храна која Аллах ја дава, ја сметате за забранета, а друга за дозволена?' Кажи: 'Дали тоа Аллах ви го дозволил или изнесувате лаги за Аллах?'“[31]

Во распостранетите форми на голем ширк спаѓаат: магијата, гатањето и прорекување на иднината. Магијата е неверство (куфр), еден од седумте големи гревови. Таа е штетна и од неа нема никаква корист. За учењето на магијата Возвишениот вели: „Го учеа тоа што ќе им наштети и од што нема да имаат корист…[32]

А маѓепсникот нема да успее каде и да оди.[33] Тој што се занимава со магија е неверник, и за него Аллах, субханеху ве теала, вели: „А Сулејман не беше неверник, туку неверници се шејтаните кои ги подучуваат луѓето за магиите, и на тоа што им беше објавено на двата мелека во Вавилон, на Харут и Марут. Тие двајца никого не поучуваа сè додека не му кажеа: „Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник![34] Верската казна за маѓепсникот е смрт, а неговата заработка е нечиста и харам. Незнајците, неправедниците и тие со слаб иман бараат помош од маѓепсниците и преку магија се обидуваат да им наштетат на други луѓе или да им се одмаздат. Други, пак, прават грев барајќи од маѓепсникот да им помогне во отстранување на магијата. Должност на верникот е да му се обрати на Аллах и да бара лек во Неговите зборови и од Него објавени молитви и сл. Гатачот и тој што вели дека ја знае иднината, се исто така неверници, затоа што тврдат дека го знаат невидливото (гајбот). А гајбот го знае само Аллах. Многумина ја искористуваат лекоумноста за да дојдат до профит, користејќи различни методи: цртањето линии во песок, школките, читањето на дланка, гледањето во филџан, кристална топка, огледало и сл. Доколку еднаш ќе погодат, деведесет и девет пати ќе излажат. Сепак, лесноумните се потпираат на тоа што еднаш погодиле и им веруваат на овие лажговци. Ги посетуваат за да слушнат за иднината, за среќата и успешноста во бракот или трговијата, да пронајдат нешто што го загубиле и сл. Верскиот пропис за тие што ги посетуваат и им веруваат е дека таквите се неверници и отпадници од верата. Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем: „Тој што ќе посети гатач и ќе му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед.[35]

Тој што ќе ги посети, но нема да им поверува, (сакајќи да ги тестира и сл.) не станува неверник, но неговиот намаз нема да се прими четириесет дена. Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем: „Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.[36]

Секако дека верникот е должен да продолжи да клања и да се покае. Верувањето дека ѕвездите и планетите влијаат врз случувањата и човечките животи: Зејд ибн Халид Ел Џухени пренесува: „Божјиот пратеник нè предводеше на утринскиот (сабах) намаз кај Худејбије по една дождлива ноќ. По намазот се сврте кон луѓето и рече: Дали знаете што вели вашиот Господар? Присутните рекоа: тоа најдобро го знаат Аллах и Неговиот пратеник. Рече: Некои мои робови се разбудија како верници а некои како неверници. Тие што рекоа: Врне дожд поради Аллаховата добрина и сомилост, се верници и тие не веруваат во планетите. Другите кои рекоа врне дожд поради оваа позиција на ѕвездите не веруваат во Мене, туку веруваат во планетите.[37]

Во оваа категорија спаѓаат и хороскопите од весниците и списанијата. Тој што ќе поверува во влијанието на ѕвездите и галаксиите станува политеист (мушрик), а читањето за забава и разонода е грев и непокорност затоа што не е дозволено забавување читајќи го она што содржи ширк. Голема е опасноста преку нив шејтанот да внесе сомнеж во верувањето, па затоа се смета за средство кое води кон ширк. Во ширк спаѓа и верувањето дека некои работи се корисни, иако Создателот, субхенеху ве теала не ги прогласил за такви. Такви се амајлиите, талисманите, записите со ширк, различните зрна и школки, метални алки и сл. Најчесто овие амајлии се носат со совет на гатач, маѓепсник или поради наследено верување. Истите најчесто се носат околу вратот, особено кај децата, за наводно да се заштитат од урок. Некои ги врзуваат околу делови на телото, или ги ставаат да висат во автомобилите или домовите. Се носат и прстени со различни камења за кои се смета дека имаат одредено влијание, како што е заштита и оддалечување на несреќа. Нема сомнеж дека овие дела се во спротивност со потпирањето врз Бога (тевекул) и дека со истите само се зголемува немоќта на човекот. Тие спаѓаат во категоријата – лекување со харам. Во овие амајлии честопати среќаваме јасен ширк, како што е барањето помош од џинови и шејтани, нејасни цртежи и неразбирливи записи. Некои маѓепсници запишуваат делови од Куранот и ги мешаат со текстови во кои има ширк. Некогаш текстовите на Куранот се запишуваат со нечистотии или со крв од менструален циклус. Носењето и врзувањето на гореспоменатите нешта е забрането, потврдено со зборовите на Божјиот Пратеник: Тој што ќе закачи амајлија направил ширк.[38] Тој што ги носи и верува дека овие нешта имаат моќ да помогнат или да наштетат, неговото дело е голем ширк и тој се смета за мушрик. Ако верува дека овие нешта влијаат само затоа што тоа им го овозможил Аллах, тогаш се работи за мал ширк, познат и како ширк во причините.

Прикажувањето (рија) во ибадетите (богослужењето):

           

            Доброто дело според верата има два услова: искреноста и придржувањето кон Сунетот. Тој што прави некој ибадет за да биде виден од луѓето се смета за мушрик и неговото дело е ништожно. Пример е тој што клања за да биде виден, Аллах, субханеху ве теала, вели: „Лицемерите настојуваат да го измамат Аллах, а Тој ќе ги надмудри. Кога стануваат намазот (молитвата) да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот...[39]

Ист е прописот и доколку направи нешто за да се пренесе и чуе веста кај луѓето, и со тоа направил ширк. За таквото дело има силна опомена, спомната во хадисот кој го пренесува Ибн Абас, радијалл-аху анхума: „Кој прави нешто за да биде чуен, Аллах соодветно ќе го казни, а тој што прави нешто за да биде виден, и него Аллах соодветно ќе го казни.[40]

Ако со некој ибадет, за цел ги има и Аллах и луѓето, тоа дело е ништожно. Во еден хадис кудсиј се вели: „Јас (Аллах) сум Тој што најмалку има потреба некој да му се здружува. Кој ќе направи дело во кое ќе Ми здружи некого, го оставам него и неговиот ширк.[41] Ако делото се започне заради Аллах а прикажувањето подоцна се појави, и истото човекот се труди да го отстрани, таквото дело е исправно, но доколку човекот прикажувањето (рија) го прифати со смирена душа и не се обидува да го спречи, тоа дело е ништожно според повеќемина учени.

Ет Тијере: Злокобност (што предвестува зло):

 

Аллах, субханеху ве теала, вели: „И кога им беше добро, тие велеа: ,Ова го заслуживме‘, а кога ќе ги снајдеше некаква неволја, тие на Муса и на верниците таа неволја ќе им ја припишеа.[42] Поранешните Арапи пред некое патување или друга работа ќе фатеа птица и потоа ќе ја пуштеа. Доколку птицата ќе полетала надесно, тоа го сметале за добар знак и ќе продолжеле со тоа што го наумиле. Полетувањето налево го сметале за злокобност и не продолжувале со делото кое имале намера да го направат. Исламскиот пропис за ова дело ни го појаснил Божјиот Пратеник, алејхи селам, кој вели: „Наговестувањето на иднината со летот на птиците е ширк.[43]

Во ова верување, кое е забрането и во спротивност со Тевхидот, влегува и верувањето дека некои месеци се злокобни, како на пример одбегнуваат женидба во месецот Сафер (вториот месец од исламскиот каледнар). Или, пак, истото да се верува за денови, како што е убедувањето дека последната среда во месецот е кобна, или за броевите, дека бројот 13 е злокобен, или за некои имиња или состојби на луѓето. На пример, ако некој тргне да го отвори својот дуќан и по пат сретне човек кој има страбизам, ќе го смета тоа за злокобност и ќе се врати. Сите овие верувања се забранети и се сметаат за ширк. Од сите се дистанцирал Божјиот пратеник, алејхи селам, како што стои во хадисот кој го пренесува Имран ибн Хусајн, радијал-лаху анху: „Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и на кого му се гата, и мислам дека додаде, и тој што прави магија и за кого се прави магија.[44]

Тој што ќе направи нешто такво може да се откупи на начинот кој се пренесува во хадисот на Абдуллах ибн Амр, радијаллаху анху, во кој Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што поради тијере (наговестување злокобност со лет на птица) ќе остави некое дело, направил ширк. Прашаа како да се искупи за направеното? Рече: Нека изговори „Аллаху мој вистинското добро е она кое е Твое и од Тебе, нема злокобност освен кога Ти така ќе одредиш и нема друг бог освен Тебе.[45]

Песимизмот (злокобноста) е дел од човечката природа, кај некого повеќе застапен а кај некого помалку, а најдобар лек е да се потпреш врз Аллах, аз-зе ве џел-ле, како што е забележано дека Ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: „Сите ние некогаш (наговестуваме добро или зло на начин кој не е дозволен), а истото Аллах го оддалечува со тевекул (потпирање врз Аллах).“[46]

Заклетвата, но не во Аллахово име:

            Аллах, субханеху ве теала, се колне во што сака од она што Тој го создал. На човекот му е дозволена само заклетвата со Аллаховото име. Денеска сме сведоци на многу ситуации кога со јазик лесно се искажува заклетва, но не со Аллаховото име. Заклетвата е еден вид на величање кое му прилега само на Аллах. Од Ибн Омер, радијал-лаху анхума, се пренесува хадисот: „Аллах ви забранува да се колнете во вашите родители – кој сака да се заколне нека се заколне во Аллах или нека молчи.[47] Ибн Омер, радијал-лаху анхума, исто така пренесува: „Кој ќе се заколне, но не во Аллах, тој направил ширк.[48] Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Кој ќе се заколне во поверливоста тој не е наш.[49] Не е дозволена заклетвата со Каба, со поверливост, со чест, со помош, со бериќетот на некоја личност, со нечиј живот, со положбата на Пратеникот или некој миленик, со мајките, татковците, главите на децата, сите овие форми на заклетви се забранети и секој што ќе изговори такво нешто, откуп е да каже: Ла илахе ил-лал-лах, како што се советува во овој автентичен хадис: „Кој ќе се заколне и во својата заклетва ќе рече: се колнам во Лат и Уза, нека каже: Ла илахе ил-лал-лах.[50]

Од овој вид на забранети дела се и: Забранетите форми на изразување во кои има ширк, а кои ги искажуваат некои муслимани, како на пример: барам заштита од Аллах и од тебе, се потпирам врз Аллах и врз тебе, ова е од Аллах и од тебе, немам друг освен Аллах и тебе, Аллах на небото и ти на земјата, да не беа Аллах и тој, јас се дистанцирам од исламот, во разочарување на времето, како и секоја реченица во која се пцуе времето како: ова е зло време, ова е кобен час, време кое мами и сл. Пцуењето на времето му се враќа на Аллах кој е Создател на времето. Природата така сакаше. Сите имиња во кои се изразува робување на некој друг освен Аллах, како Абдул Месих (Роб на месијата-Исус), Абду Небиј (Роб на Аллаховиот гласник), Абду Ресул (Роб на Аллаховиот пратеник) или Абдул Хусејн (Роб на Хусејн). Тука спаѓа и современата терминологија која алудира на негирање на Аллаховиот монотеизам како: Исламскиот социјализам, Исламската демократија, Волјата на народот е Аллахова волја, Верата е за Бога а татковината за сите, Во име на арапската нација, во име на револуцијата. Не е дозволено човек да се именува со титулата Крал на кралевите или Судија на судиите и сл. Не е дозволено со титулата „господине“ да му се обраќаме не лицемер и на неверник, било на арапски или на друг јазик, користењето на фразата (да беше...) во контекст на незадоволство, каење и пишманење – со тоа му се отвора врата на шејтанот, фразата Аллаху мој прости ми ако сакаш. За повеќе информации консултирај се со „Речникот на јазички забрани“ на авторот Бекр Ебу Зејд.

Седенките со лицемерите или грешниците, дружењето и блискост со нив:

 

            Многумина чиишто срца сè уште не се исполниле со верување се дружат со грешниците и непокорните, па дури и со такви кои ја навредуваат Аллаховата вера, се шегуваат со истата и со добрите и покорни муслимани. Нема сомнеж дека едно такво дело е забрането и истото влијае врз верувањето. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Кога ќе ги видиш тие што на Нашите зборови се потсмеваат, биди далеку од нив сè додека не прејдат на друг разговор. А ако шејтанот те наведе да заборавиш, тогаш не седи со насилниците кога ќе се сетиш.[51] Не е дозволено дружењето со нив во оваа ситуација, па дури и ако се блиски роднини, слаткоречиви и ако нивното пријателство ни годи. Исклучок е кога наша цел е да ги повикуваме, да одговориме на нивните заблуди и да го искажеме нашето незадоволство. Согласувањето со нив и премолчувањето не се дозволени. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Ако бидете задоволни од нив, Аллах сигурно не е задоволен со народот грешен.[52]

Недостатокот на смиреност во намазот:

            Кражбата е еден од најголемите гревови, а посебно кога крадеш од намазот. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Најлоша кражба е кражбата на тој што краде од својот намаз. Рекоа: Божји Пратенику како краде од својот намаз? Одговори: Преку непотполно прегибување (руку) и сеџде.[53] Отсутноста на смиреност во намазот, неисправувањето на грбот при руку и сеџде, при подигнување од руку и при седењето помеѓу две сеџди, сите овие недостатоци се забележливи кај многу клањачи. Речиси и да нема џамија во која нема да видиш вакви примери на несмиреност при намазот. Концентрацијата и смиреноста при намазот се неодвоен дел (рукн) и без нив намазот е непотполн – прашањето е сериозно. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Не е прифатлив намазот на тој којшто не го исправа грбот при руку и при сеџде.[54] Се работи за грешка која повлекува со себе предупредување и закана. Ебу Абдулах Ел Еш’ари, радијаллаху анху, пренесува: Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, клањаше со своите асхаби и потоа седна со една група од нив. Влезе еден човек и почна да клања, а неговите руку и сеџда личеа на колвење. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рече: „Го гледате ли овој? Кој ќе умре во оваа состојба нема да умре како дел од уметот на Мухамед. Колве во намазот како што гавранот колве крв. Начинот на кој оди на руку и на сеџде личат на колвење и на гладен човек кој ќе земе една или две урми, што тие можат да го заситат?[55]

Зејд ибн Вехб, пренесува дека Хузејфе видел некого кој непотполно ги извршувал руку и сеџдите па му рекол: „Не си клањал и доколку би умрел, не би умрел во природната состојба во која Аллах, субханеху ве теала, го упатил Мухамед, сал-лал-лаху алејхи ве селем.“[56] Тој што не е смирен во намазот, ако го научи прописот, е должен да го повтори намазот доколку сè уште не поминало неговото време. За другите намази треба да се покае, и не е должен истите да ги повтори. На ова укажува хадисот: „Врати се и клањај, затоа што ти не си клањал (во исправна форма).

Несериозноста и многу движења во намазот:

            Овој проблем е присутен кај многу клањачи, коишто не ја извршуваат Аллаховата наредба: „и пред Аллах понизно стојте.[57] Тие не ги разбрале зборовите на Аллах: „Успешни се верниците! Tие кои во своите намази (молитви) се понизни.[58] Кога го прашале Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, за бришење на песокот при сеџде, одговорил: „Не бриши го (песокот) додека клањаш, а ако мораш тогаш само еднаш за да го израмниш песокот.[59] Алимите велат дека многу последователни движења без некоја потреба го обезвреднуваат намазот. Ако е таков ставот за движењата, каков ли е, тогаш, за несериозните кои стоејќи пред Аллах гледаат во часовникот, или пак ја поправаат својата облека, со прст го чепкаат носот, погледот го вртат лево, десно и нагоре, и не стравуваат дека Аллах може да им го одземе видот или, пак, шејтанот може да им украде од намазот.

Намерно неследење (престигнување) на имамот во намаз:

            Човекот по природа е брзоплет: „Човекот навистина избрзува.[60] Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Смиреноста е од Аллах, а избрзувањето од шејтанот.[61] Честопати околу нас, за време на намазот, забележуваме луѓе кои избрзуваат пред имамот. Истото можеби и ние некогаш го правиме, па пред имамот одиме на руку или сеџде, ги изговараме текбирите пред да го слушнеме имамот, па дури и пред него го изговараме селамот. Иако многумина можеби не ги сметаат за големи овие пропусти, за истите многу експлицитно нè опоменал Божјиот Пратеник, алејхи селам, кој рекол: „Зарем не се плаши тој што пред имамот ќе ја подигне главата, дека Аллах може да му ја претвори во глава од магаре.[62] Ако од еден клањач се бара смирено и достоинствено да доаѓа на намаз, тогаш како треба да се однесува во самиот намаз? На некои луѓе можеби им се мешаат избрзувањето со доцнењето при следењето на имамот. Учените алими, Аллах нека им се смилува, укажуваат на важно правило кое ќе ни помогне да не доцниме и да не избрзуваме. Правилото е: да не започнуваме движење сè додека не заврши имамот со изговарањето на текбирот. Кога ќе ја слушнеме буквата (р) од Аллаху Екбер, ќе започнеме со движењето, ни пред тоа ни многу по тоа. На тој начин ќе се воспостави ред по ова прашање.Асхабите (другарите) на Божјиот Пратеник биле многу внимателни да не избрзуваат пред нивниот имам, Мухамед, сал-лал-лаху алејхи ве селем. Еден од нив, Ел Бера ибн Азиб, радијал-лаху анху, вели: „Клањаа зад Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, и кога тој ќе ја подигнеше главата од руку, никој не одеше на сеџде сè додека Божјиот пратеник, алејхи селам, не го ставеше своето чело на земја, потоа сите паѓаа ничкум.[63]

Во старите години, движењата на Божјиот Пратеник станаа побавни, па затоа ги опоменал тие што клањаат зад него: „Луѓе, јас остарев, па немојте да ме престигнувате при руку и сеџда.[64] Имамот е должен да работи според сунетот при текбирите, кој е спомнат во хадисот на Ебу Хурејре, радијал-лаху анху: „Кога сакаше да клања намаз, Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, изговараше текбир на почетокот, текбир при одење на руку, текбир при одење на сеџде, при подигнување на главата, при повторната сеџда и при повторното подигнување на главата. Така правеше во целокупниот намаз до неговото завршување. Изговараше текбир и при станувањето по вториот рекат.[65]

Доколку имамот се придржува кон движењата заедно со текбирите и доколку клањачите по него го следат според правилото кое го спомнавме, ќе се регулира прашањето на намазот во џемат.

Пристап во џамија на оној кој јадел лук, кромид или нешто што лошо мириса:

 

            Аллах, субханеху ве теала, вели: „О, синови Адемови,облечете се убаво кога сакате намазот (молитвата) да го извршите![66] Џабир, радијал-лаху анху, пренесува, Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Кој јадел лук или кромид нека се оддалечи од нас, или можеби рекол: нека се оддалечи од нашите џамии и нека седи дома.[67] Во преданието на Муслим стои: „Кој јадел лук, кромид или праз нека не се приближува до нашата џамија. Навистина на мелеците им пречи она што им пречи и на луѓето.[68] На една од петочните хутби, Омер ибн Ел Хатаб, радијал-лаху анху, рекол: „А вие јадете два вида на зеленчук кои ги сметам за лоши, кромидот и лукот, го видов, Божјиот пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, кога ја почувствува нивната миризба кај некој човек во џамија, нареди истиот да биде изведен до гробиштата Ел Беки’. Ако веќе ги јадете, згответе ги за да ја изгубат лошата миризба.“[69]

Во оваа категорија спаѓаат и тие што во џамија доаѓаат директно од нивните работни места, мирисаат на пот од под мишките како и од чорапите. Тука спаѓаат и пушачите кои со својата миризба во џамиите им пречат на мелеците, како и на клањачите.

Зина – Блуд (недозволен полов однос):

            Чувањето на моралот и честа е една од возвишените цели на шеријатот. Заради таа причина блудот е забранет. Аллах, субханеху ве теала, вели: „И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа![70]

Исламскиот верозакон ги спречува сите предуслови и начини кои водат кон блудот, го наредува хиџабот, спуштањето на погледот, го забранува осамување со некој од спротивниот пол со кого не сме во блиска роднинска врска. Блудникот кој е во брак се казнува со најжестоката казна, каменување до смрт, за да ја вкуси горчината на неговото дело, да почувствува болка неговото тело со кое блудничел и се задоволувал на недозволен начин. Блудникот, пак, кој при сексуален однос не бил во легитимен брак, се казнува со камшикување од сто камшика и тоа е најголемата казна од овој тип. Со присуството на група верници кои се сведоци на казнувањето се поттикнува и ефектот на јавно посрамување на извршителот. Понижувањето продолжува и со прогон надвор од местото на живеење, од местото каде е направен гревот, во траење од една година. Казната за блудниците во Берзех (периодот помеѓу смртта и проживувањето): „Ќе бидат во фурна чијшто горен дел е тесен а долниот широк, ќе се запали оган а тие ќе бидат голи. Откако ќе се запали оганот ќе заврискаат и качувајќи се нагоре речиси ќе излезат. Кога ќе стивне оганот ќе се вратат долу и така ќе се казнуваат до Судниот ден.“ Грдоста на овој грев е поголема кај тие што постојано го прават овој грев и доколку е од постарите кои веќе му се приближуваат на гробот и смртта, а Аллах сè уште не ги казнува. Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, го пренесува овој хадис: „Со тројца Аллах нема да зборува на Судниот ден, нема да ги исчисти нуту ќе ги погледне и ќе бидат казнети со болна казна: блуден старец, владетел кој лаже и вообразен сиромав.“[71] Во најлошата заработка спаѓа надоместокот што се зема за блуд. Блудницата која го нуди своето тело и интимни делови е лишена од примање на довата во времето кога на половината на ноќта се отвораат портите на небото. Хадис во Сахихул Џами’ бр. 2971.

Потребата и сиромаштвото не се верско оправдување за преминување на Аллаховите граници. Порано се велеше: Ќе гладува слободната жена и нема да се храни со своите „гради“.Секако нема да го нуди и нејзиното најинтимно место. Во нашево време вратите кон овој грев се отворени, шејтанот со своите сплетки и сплетките на неговите слуги го олеснил патот до блудот. Неговиот пат го следат непокорните и грешниците, се рашири голотијата и се намали бројот на прописно покриените жени, и речиси никој не внимава на погледот и гледањето во харам. Мешањето помеѓу двата пола е распространето, се рекламираат неморалните списанија и филмови, се патува во разни земји заради блуд, постои пазар на проституцијата, се гази честа, се зголеми бројот на деца од блуд и бројот на абортуси. Аллаху наш смилувај ни се, биди благ кон нас, покриј ги нашите гревови и заштити не од неморалностите. Исчисти ги нашите срца, заштити ги нашите интимни делови а помеѓу нас и недозволеното направи непремостлива преграда.

 

Хомосексуализам:

 

            Гревот на народот на Лут, алејхи селам, беше хомосексуализмот. Аллах, субханеху ве теала, вели: „И Лут, кога на народот свој му рече: ,Вие правите таков разврат, каков пред вас никој на светот не правел: имате односи со мажи, на патиштата пресретнувате и на собирите свои најодвратни работи правите.‘“[72] Поради одвратноста на овој грев и разврат, и поради неговата опасност, Аллах вршителите на истиот ги казнил со четири вида на казни со кои не казнил друг народ одеднаш, заслепување на нивните очи, го превртел тоа што било горе да биде долу, врнело дожд од камења од скаменета глина нив ги снашол страшен глас, додека Сонцето изгревало. Во исламскиот верозакон смртната казна со сабја, според прифатеното мислење, е казна за хомосексуалците доколку тоа го направиле драговолно и по нивен избор. Ибн Абас, радијал-лаху анхума, пренесува хадис во кој се вели: „Тој што го чини делото на народот на Лут, и тој врз кој се чини, убијте ги.[73] Различните болести кои се појавија во наше време, а кои не беа познати порано, а чија причина е ова развратно дело (сида и сл.) укажуваат на мудроста на Законодавецот на оваа жестока казна.

Сопругата која без верска причина го одбива нејзиниот сопруг во постела:

 

            Ебу Хурејере, радијал-лаху анху, вели: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Мажот кој својата сопруга ќе ја повика во постела, а таа ќе одбие, гневот Божји и проклетството на мелеците се врз неа до зората.“[74]

Многу сопруги кои имаат несогласување со сопрузите ги „казнуваат“, според нивното размислување, одбивајќи им го брачното право во постелата. Ваквото дело има многу негативни последици како: блудот кон кој може да пристапи сопругот, и може да се сврти на штета на сопругата и мажот сериозно да почне да размислува за втора жена. Затоа сопругата без двоумење треба да ја изврши нејзината брачна должност кон мажот, исполнувајќи го советот на Божјиот Пратеник: „Кога мажот ќе ја повика во постела својата сопруга нека му се оѕвие па дури и ако е врз „катеб“ (седло) на камила.“[75]

Сопругот е должен да ја земе предвид состојбата на жената доколку е болна, бремена, тажна, за да има хармонија и сосгласност помеѓу нив.

Барање развод од страна на сопругата без верски оправдана причина:

 

            Има многу сопруги кои избрзуваат со барањето развод од нивните мажи, па дури и при најмало несогласување. Некои од нив бараат развод доколку мажот не ѝ дава онолку пари колку што посакува таа, а неретко причини се подбуцнувањата од роднините и сосетките кои не им сакаат добро. Има и такви кои ги предизвикуваат своите мажи со тешки зборови како: Ако си машко разведи се од мене, без да бидат свесни за негативните последици на разводот, како распаѓање на семејството и отуѓување на децата. Можеби ќе се покајат тогаш кога каењето нема да им користи, па поради овие, но и други последици, се гледа мудроста на оваа верска забрана. Сеубан, радијаллаху анху, пренесува: „Секоја сопруга која од нејзиниот маж без некоја причина ќе побара развод, нема да ја почувствува миризбата на џенетот.[76] Укбе ибн Амир, радијаллаху анху го пренесува следниот хадис: „Навистина, тие што бараат и извлекуваат развод, се хипокрити.[77] Доколку причината е верска, како неизвршување на намазот, користење на алкохолот и дрогата од страна на сопругот, или ја принудува сопругата да направи забрането дело, или е неправеден и насилен кон неа, како и нејзиното лишување од нејзините легитимни права, и ако не користат советите и обидите за смирување, тогаш сопругата има право да бара развод за да се спаси и за да ја спаси нејзината вера.

Ез Зихар:

 

            Во наше време сè уште се присутни недозволени формули за развод од периодот на џахилијетот како Ез Зихар, а тоа е на сопругата да ѝ каже: ти за мене си како грбот на мојата мајка, или: за мене си недозволена како мојата сестра, и други недозволени формулации кои шеријатот не ги прифаќа, а во кои има неправда кон жената. Аллах, субханеху ве теала, ова дело го опишува на следен начин: „Тие од вас кои што на жените свои ќе им кажат дека веќе не им се допуштени, како што не им се допуштени мајките нивни – а тие не се нивни мајки, мајки нивни се само тие што ги родиле – тие навистина зборуваат лоши зборови и невистина, а Аллах сигурно ги брише гревовите и простува.[78] За овој грев исламскиот верозакон предвидел тешка компензациска казна која е слична на ненамерното убиство и иста како за сексуалното општење во текот на денот во Рамазан. Тој што на овој начин ќе се разведе од својата жена не смее да ѝ се приближи сè додека не се искупи. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Тие што на жените свои ќе им кажат дека не им се допуштени, како што не им се допуштени мајките нивни, а потоа ќе решат да се вратат на ставот на кој биле пред изречените зборови, должни се, пред едни со други да се допрат, да ослободат еден роб од ропство. Тоа ви се наредува, а Аллах добро го знае тоа што вие го правите. Тој што нема да најде, должен е непрекинато да пости два месеца пред еден со друг да се допрат. А тој што не може, должен е да нахрани шеесет сиромашни, за да потврди дека верува во Аллах и во Неговиот Пратеник – тоа ви се Аллаховите прописи. А неверниците ги чека болна казна.[79]

Сексуален однос со сопругата во тек на менструалниот циклус:

 

Аллах, субханеху ве теала, вели: „И те прашуваат за месечниот циклус. Кажи: ,Тоа е непријатност.‘ Затоа немојте да имате интимни односи со сопругите за време на нивниот месечен циклус, и не приоѓајте им сè додека не се исчистат! А кога ќе се исчистат, приоѓајте им така како што Аллах ви наредил! – Аллах навистина ги сака тие што се каат и ги сака тие што се чистат.[80] Не е дозволен интимниот однос сè додека не престане менструалниот циклус и сè додека не се избања, а доказ е ајетот: „А кога ќе се искапат, приоѓајте им така како што Аллах ви наредил![81] На грдоста на овој грев укажува хадисот: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Тој што ќе има однос со жена во текот на менструација, или во аналниот отвор или ќе отиде кај гатач, го негира она што му е објавено на Мухамед.[82] Тој што ќе го направи тоа по грешка или без знаење нема одговорност. Тој што тоа намерно ќе го направи, знаејќи дека се работи за грев, треба да се искупи на начин како е спомнато во еден хадис кој некои алими го сметаат за автентичен – еден златен динар или половина. Според некои алими тој што сака да се искупи има право да бира, еден или половина динар, според други доколку односот е на почетокот на циклусот кога крварењето е обилно откупот е еден динар, а кога односот е на крај на циклусот кога крварењето е мало или завршило пред пропишаното капење, откупот е половина динар. Според пресметката динарот има тежина 4,25 грама злато, или вредноста на ова злато во валута.

Сексуален однос во анус:

 

            Има и такви застранети, кои не ја одбегнуваат забраната и имаат однос со нивните сопруги во аналниот отвор (местото каде излегува фецесот). Ова е голем грев, и Божјиот Пратеник го проколнал вршителот на ова дело: Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, пренесува дека Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Проколнат е тој што има однос со својата сопруга во аналниот отвор.[83] Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Кој има однос со жена во текот на менструалниот циклус или во нејзиниот анален отвор, го негира она што му е објавено на Мухамед.[84] Иако многу сопруги ваквото дело, кое е спротивно на чистата природа, го отфрлаат, има и такви кои поради страв од развод, или поради срамежливост, да прашаат некого што е учен, од страна на своите сопрузи се измамени дека тоа дело е дозволено (халал). Тие можеби и ќе им го цитираат ајетот: „Сопругите ваши се ниви ваши, а вие приоѓајте им на нивите ваши како што сакате![85] Но факт е дека Сунетот дава објаснување на Куранскиот текст, и Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, објаснил дека е дозволен односот од предната и од задната страна доколку е во женскиот интимен орган. Познато е дека аналниот отвор има одредена функција и не е место наменето за сексуален однос. Како причини за овој грев можеме да ги наведеме: Следење на пракси и недолично сексуално однесување непознато кај муслиманите а коe им се наметнуваа во брачните односи, сеќавања на сцени од порнографските филмови и обид за нивно практикување во бракот, без покајание. Општо познато е дека ваквото дело е забрането, па дури и кога и двата сопружника се согласуваат. Согласноста во забранетото не го прави делото дозволено.

Неправедност помеѓу сопругите:

 

            Аллах, субханеху ве теала, во Својата Мудра книга нè советува да бидеме праведни со сопругите. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Вие нема да можете кон сопругите свои потполно еднакво да постапувате, колку и да го сакате тоа. Но не допуштајте си себеси таква наклонетост кон некоја, па некоја да оставите како да е без сопруг, а неразведена. А ако вие се поправите и се плашите од Аллах, па, Аллах, навистина, простува и Милостив е![86] Праведноста која се бара е: да биде праведен и со сите еднакво да преноќува, на сите еднакво да им обезбеди одржување и облека, од него не се бара сите еднакво да ги сака, затоа што љубовта е во срцето и човек не може да ја контролира. Забележливо е и дека има и такви сопрузи кои се во брак со повеќе од една сопруга, и даваат предимство на една и ги запоставуваат другите. Кај една преноќува повеќепати, за неа троши повеќе пари и сл. Ваквото однесување е забрането (харам), и истиот на Судниот ден ќе биде во оваа состојаба како што е опишано: Ебу Хурејере, радијал-лаху анху, вели: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде а едната страна ќе му виси.[87]

Осамување со туѓа жена:

 

            Шејтанот е повеќе од заинтересиран да внесува неред помеѓу луѓето и да ги поттикне не харам. Заради тоа Аллах нè предупредува велејќи: „О, верници, не одете по стапките на шејтанот! Тој што ќе оди по шејтановите стапки, тој него на разврат и на одвратни дела ќе го тера.“[88]

Шејтанот се движи низ крвните садови на човекот, и еден од начините да се поттикне човек на грев е да се осами со, нему, туѓа личност од женскиот пол. Поради ваквата опасност, превентивно е забрането таквото осамување, како што се предупредува во хадисот кој вели: „Нема да се осами маж со жена а третиот помеѓу нив да не е шејтанот.“[89]

Ибн Омер, радијал-лаху анхума, пренесува, Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „По денешниот ден нека не влегува никој кај жена чијшто маж е отсутен, освен ако сo него се уште еден или двајца мажи.[90] Не е дозволено маж да се осамува со, нему, туѓа жена во куќа, соба или во автомобил. Тука спаѓаат: сопругата на братот, слугинката, potoa, на болна жена не ѝ е дозволено осамување со лекарот и сл. Многумина се невнимателни по ова прашање заради самодовербата или довербата кон другите, и како резултат имаме блуд или вовед кон блудот. Трагедијата станува уште поголема преку мешањето на родословието и децата кои се плод на недозволена врска.

Ракување со женско лице кое не е во роднинска врска:

По ова прашање имаме судир на некои општествени традиции и исламскиот верозакон, и по истото прашање честопати на традицијата и на обичаите им се дава предност пред словото на исламскиот верозакон. Доколку им се обратиш според исламските норми спомнувајќи го доказот за твоето однесување, ќе те обвинат за назадност и комплицирање, за прекинување на роднинските врски, ќе се посомневаат во твоите намери и ред други обвинувања. Ракувањето со братучеда од чичко, вујко и тетка, сопруга на братот или сопруга на чичко и вујко во нашите средини стана доминантно однесување. Доколку разумно и без предрасуди размислеа за ваквото однесување ќе ја увидеа опасноста на истото. Во еден хадис е кажано: „Во главата на некој од вас да се забие железна игла е подобро за него отколку да допре жена која не му е дозволена.[91]

Нема сомнеж дека ваквото дело се смета за блуд со рака, како што се вели во еден друг хадис: „И очите блудничат, и рацете блудничат, и нозете блудничат и интимниот орган блудничи.[92]

Зарем постоел некој со почисто срце од Мухамед, алејхи селам?! Тој јасно рекол: „Јас не се ракувам со жени.[93] На друго место потенцирал: „Јас не ги допирам рацете на жените.[94]

Аиша, радијал-лаху анха, вели: „...се колнам во Аллах, дека раката на Божјиот Пратеник, алејхи селам, не допрела рака на жена. Нивниот завет беше само со зборови.[95]

Нека се плашат од Аллах тие кои што на своите чедни жени им се закануваат со развод доколку не се ракуваат со нивните браќа. Ракувањето директно и преку ткаенина помеѓу рацете (ракавици и сл.) е недозволено и се смета за харам.

Жена која ќе стави парфем при излегување од дома и така ќе помине пред мажи:

 

            Овој грев е многу присутен во нашето време, иако на истиот јасно укажува силната опомена од страна на Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, кој вели: „Онаа жена која ќе стави парфем и потоа ќе помине пред луѓе за да го почувствуваат нејзинот мирис се смета за блудница.[96]

Некои жени се немарни и невнимателни и тоа го прават сметајќи дека е олеснителна ситуација ако се работи за шоферот, продавачот, портирот на училиштето и сл. Исламските прописи се строги по ова прашање и жената која се намирисала треба да се избања како при Гусул доколку сака да излезе од дома, па дури и во џамија. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Секоја жена која ставила парфем па излегла во џамија за да се почувствува мирисот на парфемот, нема да ѝ се прими намазот сè додека не се избања како што се бања тој што имал сексуален однос.[97]

Аллах нека ни е напомош со сите тие мириси и парфеми на жените пред семејните веселби и свадби. Овие парфеми и понекогаш одбивни мириси се користат на пазарите, средствата за транспорт, јавните места па дури и во џамиите во текот на ноќите во Рамазан. Според шеријатот женските парфеми имаат боја и помалку изразена миризба, Аллах го молиме да нè заштити, и да не ги казни добрите верници, мажи и жени, поради тоа што го прават лесноумните и немарните. Аллаху мој, упати нè сите на правиот пат.

Патувањето на жената без сопатник (махрем):

 

            Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „На жената која верува во Аллах и во Судниот ден не ѝ е дозволено да изврши еднодневно патување без сопатник (махрем).[98]

Патувањето без машки сопатник ги предизвикува неморалните да се обидат да ја испровоцираат, и доколку е слаба личност, можеби и ќе потпадне под нивното влијание. Во најмала рака ќе ги повредат нејзината чест и морал. Иста е ситуацијата и при патување со авион дури и ако има махрем кој ќе ја испрати и ќе ја дочека. Кој ќе седне до неа во авионот? Доколку авионот принудно слета на друго место или, пак, се случи одложување на летот, што да се прави во таа ситуација? Има многу вакви вистински случки. Махремот треба да исполни четири услови, да е муслиман, полнолетен, да нема умно нарушување и да е од машки пол. Ебу Сеид Ел Худри, радијал-лаху анху, вели: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „На жената која верува во Аллах и во Судниот ден не ѝ е дозволено да патува три и повеќе дена освен со присуство на нејзиниот татко, син, сопруг, брат или друг роднина (со кој не смее да стапи во брак).[99]

Намерно гледање во туѓа жена:

 

            Аллах, субханеху ве теала, вели: „Кажи им на верниците нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои; тоа им е најморално, затоа што Аллах навистина го знае тоа што го прават.[100]

Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Блудот на окото е (забранетиот) поглед, да гледаш во она што Аллах го забранил.[101] Исклучок е кога е верски оправдано како кога вереникот сака да ја види девојката со која сака да се вери или при посета на лекар. И на жената ѝ е забрането да гледа во друго машко лице, со поглед кој може да ја стави во искушение. Аллах, субханеху ве теала, вели: „А кажи им на верничките нека ги спуштат погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои.“ На мажот не му е дозволено да гледа, со страст, друг маж, исто така на мажот не му е дозволено да гледа во интимните делови на друг маж, ниту пак на жената ѝ е дозволено да гледа во интимните дел на друга жена. Она што е забрането да се гледа не е дозволено ни да се допира, па дури и преку облека. Шејтанот си поигрува со некои луѓе на кои им вели дека дозволено е гледање на разголени фотографии во списанија и на филмови затоа што истите не се вистински (реални). А негативното влијание на овие слики и филмови и поттикнувањето на страстите се повеќе од евидентни.

Согласност со неморал во семејството:

 

            Ибн Умер, радијал-лаху анхума, го пренесува следниот хадис: „На тројца џенетот им е забранет: на хроничниот алкохоличар, на тој што не е послушен на родителите и на „дејузот“, кој со согласност го прифаќа неморалот во неговото семејство.[102]

Примери на вакво однесување во наше време:

Дозволува неговата ќерка или сопруга да разговараат со туѓинци по телефон или директно и при тоа се толерира флерувањето.

Дозволува осамување на женските лица во неговата куќа со туѓинци, или, пак, толерира истите сами да патуваат со шофер, туѓинец, во ист автомобил.

Го толерира излегувањето од куќа без прописно облечен хиџаб, ги изложува на погледите на непознати лица.

Во куќата внесува списанија и филмови кои шират неморал и сл.

Фалсификување на потеклото и негирање на синот од страна на таткото:

 

            Според исламот не е дозволено некој да тврди дека му е татко некој друг освен вистинскиот татко, или да се претставува како дел од семејство чиј член не е. Некои луѓе тоа го прават заради материјална корист, и во службени документи го фалсификуваат своето потекло. Некои тоа го прават поради омраза кон родителот кој го оставил додека бил мал. Сите овие работи се недозволени, и негативните последици се големи и многустрани; како на пример, при стапување во брак, при одредување на лицата со кои бракот не е дозволен, при поделба на наследството и сл. Во еден автентичен хадис кој го пренесуват Сад и Ебу Бекрете, радијал-лаху анхума, стои: „Џенетот е забранет за тој што вели дека негов татко е некој друг (а не вистинскиот татко).[103]

Секое поигрување со семејното потекло и фалсификување е строго забрането според исламското право. Некои сопрузи во моменти на жестока расправа со сопругите ги обвинуваат за неморал и се откажуваат од татковството на своите деца кои ги добил додека бил во брак со својата сопруга. Има и такви ситуации кога детето е плод на недозволена врска на сопругата додека била во брак со друго лице, и тоа дете му го припишува на сопругот, иако тој не е таткото. За ваквото дело има силна опомена и жестока казна. Ебу Хурејере, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: При објавата на ајетите за меѓусебното проколнување (на сопружниците), го слушнав Божјиот Пратеник, алејхи селам, како вели: „Онаа жена што кај еден народ ќе внесе дете кое не е нивно, нема никаква врска со Аллах, и Аллах нема да ја внесе во џенет. Тој маж што го негира своето дете кое го гледа, Аллах ќе постави помеѓу него и Аллах перде и ќе го посрамоти пред првите и последните (на Судниот ден).[104]

Конзумирање на камата:

 

            Аллах во својата Книга не му објавил војна на никој друг, освен на каматарите. Аллах, субханеху ве теала, вели: „О, верници, плашете се од Аллах и откажете се од тоа што останало од каматата, ако сте верници. Ако не го сторите тоа, ви се навестува војна од Аллах и од Неговиот Пратеник![105] Ова е доволен показател за грдоста на овој грев кај Аллах, субханеху ве теала. Секој што ја анализира каматата, на индивидуално и на општествено ниво, ќе го согледа степенот на уништување и пропаст, кој го причинила каматата; банкрот, економска криза и рецесија, неможност да се вратат долговите, парализа на економијата, раст на процентот на невработеност, пропаѓање на многу компании и фирми, сè она што се заработува дневно се користи да се исплатат ратите на кредитот кои не престануваат, се потенцира класната поделба на општеството преку концентрација на финансиската моќ кај една група. Ова можеби е само дел од војната која Аллах, субханеху ве теала, им ја објави на каматарите. Секој што учествува во каматен процес, без оглед дали се работи за основните субјекти, за посредниците кои помагаат и олеснуваат, сите се проколнати од Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем. Џабир, радијал-лаху анху, рекол: „Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, ги проколнал давателот на каматата и нејзиниот примател, писарот и двата сведока, и додал – сите се еднакви (во гревот).[106]

Според ова, не е дозволено да се работи како писар при каматна трансакција, не е дозволено нејзиното запишување и потврдување, предавањето и примањето, обезбедувањето и сл. Секое учество и помагање на оваа трансакција, на било кој начин, е забрането. Божјиот Пратеник, алејхи селам, инсистираше да ја објасни грдоста на овој голем грев. Во хадисот кој го пренесува Абдулах ибн Месуд, радијал-лаху анху, тој рекол: „Каматата има седумдесет и три врати, најлесната форма (во грев) е еднаква на сексуален однос со сопствената мајка. Најгрешната форма на камата е да посегнеш по честа на муслиман.[107]

Во друг хадис кој го пренесува Абдулах ибн Ханзале, радијаллаху анху, стои: „Еден дирхем камата, со кој ќе се нахрани човек знаејќи, е поголем грев од триесет и шест блуда.[108] Каматата е апсолутно забранета и по тоа прашање нема разлика помеѓу некого што е сиромав или богат, како што мислат некои луѓе. Таа е забранета за секое лице и во секоја ситуација. Во секојдневието имаме многу примери за големи трговци кои поради каматата банкротирале, и можеби најмалата негативна последица поврзана со каматата е што во тие пари колку и да се многубројни, нема бериќет. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Каматата, иако е многубројна, на крајот завршува со немаштија.[109] Завршува со немаштија-сиромаштво. Каматата не е определена со поголем или со помал процент, со голема или со мала сума, сите тие форми се забранети. Каматарот на Судниот ден од својот гроб ќе биде проживеан како тој кого допирот на шејтанот го избезумил. Иако се работи за голем грев, Аллах со својата сомилост зборува за покајанието и како треба да се покае каматарот. Тој во врска со ова во Куранот вели: „А ако се покаете, ви припаѓаат главнините од имотите ваши; ниту некого ќе оштетите, ниту ќе бидете оштетени.“ Ова е врв на праведноста. Верникот треба да се дистанцира од овој голем грев и секогаш да е свесен за неговата грдост, па дури и тие што се принудени своите пари да ги депонираат во банка, затоа што се плашат дека ќе ги загубат или дека ќе им бидат украдени, треба да се чувствуваат како принудени, како некој кој е принуден да јаде мрша затоа што животот му е во опасност. Тие се должни да бараат прошка од Аллах и да се потрудат да најдат дозволена алтернатива, доколку има. Не им е дозволено да ја бараат каматната стапка да им се впише на нивното салдо – доколку тоа се случи тие се обврзани да се ослободат од незаконски стекнатите средства на начин кој е верски дозволен. Аллах е добар и го прифаќа само она што е добро (дозволено, халал). Не е дозволено таа камата да се користи за храна, пијалоци, облека, автомобил, стан, ниту, пак, да се користи за финансиската обврска која човек ја има кон сопругата, децата, таткото, мајката... Не е дозволено да се даде како зекат, со неа да се платат даноците, ниту, пак, да спречи неправда кон себеси – тој треба да се ослободи од тие пари плашејќи се од Аллаховата казна.

Сокривање на недостатоци на стоката при нејзина продажба:

 

            Божјиот пратеник помина покрај сад во кој имаше храна, ја стави раката во внатрешноста на садот и почувствува влажност. Праша кој е сопственикот на оваа храна? Сопственикот рече: „Се навлажи од дождот Божји Пратенику“. „Зошто тогаш не ја ставиш на врвот за да ја видат луѓето? Кој мами не е наш. [110]

Многу продавачи во денешно време немаат страв од Аллах и се обидуваат да ги сокријат недостатоците на стоката ставајќи налепница преку нив, ја ставаат на места каде не може да се види, користат хемиски препарати и слично, за да истата изгледа убаво. Се обидуваат да го заглушат звукот на моторот кој има дефект, за да не се забележи, и истиот автомобил по кратко време ќе престане да работи. Се менува и датумот на рокот на траење на стоката, се спречува купувачот да ја види стоката, да ја испита и да ја проба. Многу продавачи на автомобили и машини не ги појаснуваат недостатоците на стоката и ова е харам. Божјиот Пратеник, алејхи селам, рекол: „Муслиманот е брат на муслиманот, не е дозволено муслиманот на својот брат да му продаде стока која има недостаток кој не e укажан.[111]

Има и такви кои мислат дека се ослободени од одговорност ако на отворено наддавање речат „Продавам куп железо, продавам куп железо“.Во оваа купопродажба нема бериќет, како што се вели во еден друг хадис: „И купувачот и продавачот имаат избор сè додека не се разделат, доколку се искрени и укажат (на можен недостаток) ќе имаат бериќет во купопродажбата, доколку лажат и премолчуваат ќе нема бериќет во нивната купопродажба.[112]

Неџеш (една форма на купопродажба):

 

            Во оваа форма некој што нема намера да купи некоја стока ја подигнува нејзината цена за да влијае врз купувачот што ќе ја купи по повисока цена. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Не подигнувајте ја цената на стоката која немате намера да ја купите.[113]

Ова е еден вид на измама и во тоа нема сомнеж. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Залажувањето и измамата се во оган.[114]

Многу лица на авто пазарите и на местата за јавно наддавање, заработуваат на недозволен начин преку забранети работи кои ги прават: Се договараат да ја подигнат цената не некој автомобил и да ја намалат цената на друг кој доаѓа на пазар за да продава. Ги помагаат своите ортаци во измама преку фиктивно подигнување на цената, а на другите им нанесуваат штета преку намалување на цената на стоката.

Купопродажбата по вториот повик (езан) на џума намаз:

 

            Аллах, субханеху ве теала, вели: „О, верници, кога во петок на намаз ќе се повика, побрзајте кон спомнувањето на Аллах, и купопродажбата оставете ја, тоа ви е подобро, да знаете![115]

Некои продавачи продолжуваат со продажба дури и по вториот езан за џума, во дуќаните или кога продаваат пред џамиите, грешни се и тие кои им помагаат во овој грев, кои купуваат од нив, па макар и мисвак. Оваа купопродажба, според најисправното мислење, е неважечка. Има сопственици на ресторани, фурни и фабрики кои ги принудуваат своите вработени да работат и во време на џума намазот. Таквите можеби го зголемуваат својот профит во пари, но, во основа, тие само ја зголемуваат својата вистинска загуба. Вработениот е должен да го спроведе во пракса хадисот во кој се вели: „Не му се покорувај на човек во грев кон Аллах.[116]

Комарот (хазардните игри) и коцката:

 

            Аллах, субханеху ве теала, вели: „О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате.[117]

И во предисламскиот период коцката беше позната, и една од најпознатите форми била таа во која десеторица имаат еднаков удел во една камила, потоа ги фрлаат стрелите кои имале функција на коцки, и на седуммина, според стреличките, им се дава одреден дел од камилата а тројца не добиваат ништо. Во наше време коцката има различни форми: Лотариите во различни форми како, купување на ливчиња со бројки кои се подложни на извлекување, првоизвлечениот добива главна награда, второизвлечениот помала и така според одредените награди. Прописот за оваа лотарија е дека е харам, па дури и ако е во хуманитарни цели. Купување на производи кои во внатрешноста имаат награда, или број кој се добива при купување на одредена стока кој понатаму ќе учествува во извлекување за одредување на победниците и за поделба на наградите. Форми на современа коцка се:

Сите видови на трговско осигурување, како животното осигурување, осигурувањето на автомобил, стока, осигурување од пожар, каско осигурување и другите форми на осигурување.

Има и пеачи кои имаат полиса за осигурување на нивните гласови.

Ова се форми на хазардни игри и во сите нив има елементи на коцка.

Зелените маси за покер, рулет и слично исто така спаѓаат во оваа група на хазардни игри, како и обложувањата за спортски напревари како фудбал, трки на коњи и слично, сите тие се форми на коцкање. Во многу туристички места има и гејминг центри кои имаат и игри во кои има елементи на игри на среќа - коцкање, како Флипперс центрите. Забранета коцка се смета и натпреварот за награда која ја собираат двата или повеќето учесници во натпреварот, и ова е ставот на многу исламски правници.

Кражбата:

 

Аллах, субханеху ве теала, вели: „На крадецот и на крадачката отсечете им ги рацете нивни, тоа нека им биде казна за тоа што го сториле и опомена од Аллах! А Аллах е Силниот и Мудриот![118]

Во најлошите форми на кражби спаѓаат, кражбите од хаџиите и посетителите на Древната куќа (Каба). Таквите воопшто не се грижат за големината на гревот во светите места ниту, пак, размислуваат за нивната светост. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, при случката со помрачувањето на месечината, рекол: „Тогаш ми го покажаа пеколот, во моментот кога јас се повлеков наназад, бидејќи се плашев да не ме изгори неговиот пламен. Во него го видов сопственикот на стапот со закривен врв како ги влече своите црева во пеколниот оган. Тој крадеше од хаџиите со својот стап, закачувајќи ги со закривениот врв. Доколку не забележеа, ќе си заминеше.[119]

Во форми на кражба кои се голем грев спаѓа крадењето на јавниот имот, кои некои го оправдуваат со зборовите, крадеме како што крадат и другите. Тие не се свесни дека крадат од имотот на сите муслимани, затоа што јавниот имот е сопственост на сите. Фактот што и другите, не плашејќи се од Аллах, краделе не го оправдува нивното слепо следење. Има и такви што крадат од немуслиманите и се оправдуваат дека се работи за сопственост на немуслиман, и ваквото оправдување не е прифатливо. Немуслиманите чијшто имот е дозволено да се земе се оние кои се во војна со муслиманите. Во оваа категорија не влегуваат сите компании на немуслиманите и поединците. Форми на кражби: Крадење од џеповите на луѓето скришум, влегување во туѓи куќи како посетител и извршување на кражба, крадење од чантите на посетителите, кражби во дуќани и трговски центри преку криење на стоката во џеповите и под облеката. Некои жени тоа го кријат под нивната облека. Според некои кражбата на помалку вредни и евтини нешта не е голема работа. Божјиот пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах го проколнал крадецот, кој ќе украде јајце – ќе му се исече раката или ќе украде јаже – ќе му се исече раката.[120] Тој што украл, украденото треба да му го врати на сопственикот, откако ќе се покае пред Аллах за тоа што го направил. Враќањето на украденото може да биде јавно или тајно, лично или со посредник; Доколку по вложениот труд барајќи го сопстевникот или неговите наследници, не може да ги најде, тогаш нека го подели како милостина во име на сопственикот.

Давање и примање на мито:

 

            Подмитувањето на судија за да погази право или да пресуди неправедно е злосторство; Со тоа тој го руши правото и правдината, прави неправда и е причина за корупција во општеството. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Не трошете го имотот едни на други на нечесен начин, давајќи им дел на судиите за на грешен начин и свесно, дел од имотот на луѓето да си присвоите.[121]

Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „Аллах го проколнал давателот и примателот на мито во власта.[122] Оваа казна не се однесува на тој што не може да го реализира своето право, ниту може да се заштити од неправда, освен преку мито. Митото во наше време е толку распространето што истото е извор на огромни суми личен профит за одредени функционери; Преку мито, кој поинаку се именува, се полнат и буџети на компании, и многу процедури не можат да се започнат ниту завршуваат без мито. Најмногу штета имаат сиромашните, а и многу права се одземени. Многу вработени почнаа да им наштетуваат и на работодавачите, нема добра услуга за тој што нема да плати, лош однос кон тој што нема да подмачка, се запоставува или се доцни со неговиот предмет. Тие што ќе дадат мито иако задоцниле нивната работа веднаш се завршува. Преку мито, многу пари кои му припаѓаат на работодавачот завршуваат во џеповите на одговорните за купопродажба, па затоа не е чудно, Божјиот Пратеник да упати дова до Аллах, сите учесници и ортаци во ова злосторство, Аллах да ги оддалечи од Неговата милост. Абдуллах ибн Амр, радијал-лаху анху, вели: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Аллаховото проклетство нека е врз тој што дава и прима мито.[123]

Узурпација на туѓо земјиште:

 

            Кој нема страв од Бога, ја користи силата и измамата за да направи неправда; Таква неправда е и присвојувањето на сопственоста на други луѓе, како узурпацијата на туѓо земјиште. Казната за такво дело е навистина жестока. Абдулах ибн Омер, радијал-лаху анхума, го пренесува следниов хадис: „Кој бесправно ќе присвои дел од земја на Судниот ден ќе биде проголтан во длабочината на седум ката под земја.[124]

Ја'ла ибн Муре, радијал-лаху анху, го пренесува и овој хадис: „Кој неправедно ќе присвои педа на земја, Аллах ќе го обврзе да ја ископа (кај Таберани да ја донесе) до последното ниво од седумте ката на земја, потоа со неа ќе го обвитка на Судниот ден сè додека не се пресуди помеѓу луѓето.[125] Тука спаѓа и менувањето на меѓите и границите на земјата на штета на соседот. На тоа укажува хадисот во кој се вели: „Аллах го проколнал тој што ги менува знаците (меѓите) на земјата.[126]

Примање на подарок за посредување:

 

            Престижот и почитта на луѓето се Аллахови благодети за кои треба да сме му благодарни на Аллах, и начинот на искажување на таа благодарност е истите да ги користиме за добробит на муслиманите. На ова укажува хадисот во кој се вели: „Кој може да му биде од корист на неговиот брат, нека го направи тоа.[127]

Секој што искрено ќе го искористи својот престиж за да спречи неправда кон неговиот брат муслиман, или ќе му биде од корист, и при тоа нема да направи нешто што е недозволено ниту, пак, ќе одземе нечие право, ќе биде награден од Аллах, аз-зе ве џел-ле. За ова Божјиот Пратеник, алејхи селам, вели: „Посредувајте, ќе бидете наградени.[128]

За ова заземање и посредување не е дозволено да се земе надомест. Доказ е хадисот кој го пренесува Ебу Умаме, радијал-лаху анху, во кој се вели: „Оној што посредувал за некого, па му бил даден подарок за тоа посредување, доколку го прими, влегол на голема врата од вратите на каматата.[129]

Има и такви што за одреден надоместок посредуваат со својот престиж при вработување, при трансфер од едно на друго работно место, од еден во друг реон, при лекување и сл. Според најисправното мислење на исламските правници, овој надоместок е харам. Тоа го потврдува гореспоменатиот хадис на Ебу Умаме. Според него не е дозволен и подарокот кој претходно не бил условен. Ова го слушнав директно од шејх Ибн Баз, рахимехул-лах. Аллах ќе го награди на Судниот ден според направената добрина. Еден човек дојде кај Ел Хасен ибн Сехл со барање да посредува за една работа, и истата му ја заврши, потоа човекот дојде и почна да му се заблагодарува. Ел Хасен ибн Сехл му одговори: „За што ми се заблагодаруваш, ние сметаме дека и за престижот има зекат кој треба да го дадеме, како што даваме зекат и за парите кои ги поседуваме.“[130]

Би сакал и да додадам: Има разлика помеѓу лицето кое е ангажирано да заврши некоја процедура, да ја следи и да ги превзема неопходните дејства за да се заврши за одреден надомесоток и лицето кое го користи својот углед за да посредува и за тоа зема надомест. Второво е забрането.

Неисплатување на работник кој ја завршил работата:

 

            Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, нè поттикнал да бидеме брзи при исплаќање на ангажираниот работник: „Исплатете го работникот пред да се исуши неговата пот.[131] Една од неправдите кои се случуваат во нашите општества е неисплаќањето на платите кои им следуваат на работниците и вработените. Оваа неправда има бројни форми:

Работодавачот целосно го негира правото на работникот кој нема доказ, и доколку на овој свет не го земе своето право, тој нема да го загуби тоа право на Судниот ден.

Неправедниот на Судниот ден ќе му ги дава добрите дела на тој на кого му била направена неправда, кога ќе се потрошат добрите дела, тогаш гревовите на тој на кого му е направена неправда ќе му се дадат на неправедниот и потоа ќе биде фрлен во пеколниот оган. Да не го исплати бесправно комплетниот износ кој му го должи на работникот, Аллах, субханеху ве теала вели: „Тешко им на тие што не мерат чесно...[132]

Има и примери: Кога работодавачите ќе ангажираат работници од странство со договор на дело за одредена плата, па кога ќе почнат да работат ги менуваат договорите за помала плата, а овие се принудени да останат, бидејќи не можат да го потврдат своето право, и му се жалат на Аллах за нивната состојба. Доколку работодавачот е муслиман а работникот немуслиман, во оваа неправда има и оддалечување на луѓето од Аллаховата вера, и товарот на тој грев ќе го носи тој што прави неправда. Да му додаде работи кои не се спомнати во описот на работното место, да му го продолжи работното време, без да го исплати за додатната работа. Да го одолговлекува исплаќањето и да го исплати дури по долг период на побарување, жалба, парничење, можеби целта на одолговлекувањето е работникот да се измори и да се откаже од побарувањето на неговата надница. Има и такви што платите ги инвестираат за да профитираат преку нив. Се случува и тие пари да бидат дадени со камата, а работниците можеби немаат што да јадат, ниту, пак, имаат можност да им испратат пари на своите семејства доколку работат во странство. Тешко на тие што ги прават овие неправди од болната казна на Судниот ден. Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, пренесува, Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах, субханеху ве теала, вели: На тројца ќе им бидам непријател на Судниот ден, на тој кој во Мое име му се заветувал на некого па го измамил, на тој што како роб ќе продаде слободен човек и ќе ја изеде заработката и на тој што ќе ангажира работник кој ќе му ја заврши работата, а овој нема да му ја даде платата.[133]

Неправедност во подароците кон своите деца:

 

            Се случува некои луѓе да им даваат на некои нивни деца подароци а од истите да ги лишат другите деца, и ова дело е забрането според исламските правници доколку за истото нема верски прифатливо оправдување, како на пример кога одредено дете има посебни потреби заради болест, долг и сл., или кога сакаме да наградиме некого кој го научил Куранот напамет. или доколку е без работа, или има големо семејство, или се посветил на студирање и сл.

Родителот е должен при давањето на подарок на едно дете заради верски оправдана причина, да има намера истото да го направи и со другите деца доколку и кај нив постоеше иста ситуација. Доказ е ајетот: „Праведни бидете, тоа е најблиску до богобојазливоста, и плашете се од Аллах... Посебен доказ е хадисот кој го пренесува Нуман ибн Бешир, радијал-лаху анхума, во кој тој вели дека неговиот татко го довел кај Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, и му рекол: „На овој мој син му подарив роб кој го поседував. Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, го праша дали истото им го подари и на другите деца? Не, одговори таткото. Тогаш врати го подарокот, рекол Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем.[134]

Во друго предание се вели дека Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Бидете богобојазливи и праведни меѓу вашите деца. Се врати и го врати подареното.[135]

Во друго предание тој додал: „Не земајте ме за сведок затоа што јас не сведочам за неправда.[136]

На машките им следува колку што е делот на две женски деца, како при распределба на наследството. Ова е став на имам Ахмед, рахимехул-лах.[137]

Ова прашање во коментарот на спомнатата книга многу јасно го објаснил Ибн Кајим, рахимехул-лах. Тој што со внимание ја следи состојбата во денешно време ќе забележи дека многу татковци во своите семејства не се праведни по ова прашање. На овој начин тие се причина за непријателства помеѓу децата и за меѓусебна омраза. Има и трагични ситуации кога на едно дете му се дава затоа што личи на чичковците, а на друго не му се дава затоа што личи на вујковците. Посебен статус имаат децата од една сопруга на кои им се даваат бројни дарови, додека децата од друга сопруга се запоставуваат, некои се праќаат во приватни школи а други во јавни. Ваквиот однос ќе му се врати на родителот затоа што запоставениот во најголем број случаи не е доброчинител кон родителот. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, на тој што различно ги третира своите деца, му рекол: „Зарем не те радува да бидат еднакви во нивното доброчинство кон тебе?[138]

Да бараш од луѓето иако немаш потреба:

 

            Сехл ибн Ханзале, радијал-лаху анху, вели: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што проси, а го поседува она што му е потребно, ја зголемува жарта на пеколот. Го прашаа што треба да поседува за да не смее да питачи? „Онолку колку му треба за ручек и за вечера.[139]

Ибн Месуд, радијал-лаху анху, пренесува, Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што проси, а го поседува она што му е доволно, на Судниот ден ќе дојде со изгребано лице.[140]

Познат е феноменот кога некои просјаци по намазот ќе станат во џамиите и со своето питачење им го прекинуваат величањето на Аллах на тие што клањаат. Некои од нив лажат, фалсификуваат документи, измислуваат приказни, и со сите членови на семејството се распоредуваат по џамиите за да просат. Некои од нив имаат богатство кое го знае само Аллах, и по нивната смрт се дознава за нивната оставина. Вистинските сиромаси, кои имаат потреба, честопати се непознати заради нивната воздржаност и затоа што не просат. Многумина не ги знаат и не им помагаат.

Барање на заем со намера да не го врати:

 

            Правата на луѓето кај Аллах, се навистина големи, можеби за некое Аллахово право е доволно покајание, но тогаш кога ќе го погазиме правото на другите луѓе, неизбежно е да го поправиме тоа пред да дојде Денот кога ниедна валута нема да се прими за раздолжување. На тој ден се раздолжува со добрите и лошите дела. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Аллах ви наредува доверливите работи да им ги давате на тие што се достојни за нив...[141]

Еден распространет феномен во современите општества е леснотијата при задолжувањето. Некои луѓе се задолжуваат не заради итна потреба, туку за луксуз и натпреварување со другите, за реновирање на станот, мебелот, за нов автомобил, и други работи кои не се елементарна потреба. Други, пак, влегуваат во лавиринтите на купување на рати кои во најголем број случаи се или харам или имаат нејасни и сомнителни елементи. Лесното задолжување резултира со одложување на враќањето на долгот, и со тоа им се нанесува штета на имотите на другите и нивна загуба. Со хадис Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, укажа на опасните последици на ова дело: „Тој што ги зема парите на други луѓе со намера да ги врати, Аллах ќе ги врати (ќе му помогне).Тој што ги зема со намера да ги уништи, Аллах него ќе го уништи.[142]

Многумина со леснотија го земаат заемот, иако истото кај Аллах се смета за голема работа. Шехидот кој има многу почести, голема награда, висок степен, нема да се спаси од последиците на долгот. Доказ се зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем: „Нека е славен Аллах! Аллах, во оваа вера, не објавил ништо што е потешкотија. Се колнам во Бога во чија рака е мојата душа, доколку некој загине на Аллаховито пат, па биде проживен, па повторно загине на Аллаховито пат, и повторно биде проживеан, доколку е задолжен нема да влезе во џенет, додека не се врати неговиот долг.[143]

Дали по оваа опомена ќе се освестат невнимателните?!

Исхрана со харам:

 

Тој што не се плаши од Бога, не внимава дали тоа што го заработил или го потрошил е халал или харам. Го интересира само зголемувањето на неговото конто, без да размислува дали е недозволено или харам, дали е украдено или се работи за мито. Не се плаши од узурпација и фалсификат, од продажба на недозволено и камата, од злоупотреба на имотот на сирак, од платата за недозволени професии како гатање, блуд, музика, од присвојување на јавниот фонд и јавниот имот, изнудување, задолжување без потреба и сл. Со тие пари тој се храни, облекува, купува автомобил, гради куќа, изнајмува стан, го опремува со мебел, недозволеното го внесува во неговиот стомак. Божјиот пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Секое месо кое израснало со харам е најблиску до пеколниот оган.[144]

На Судниот ден ќе бидеме прашани како го заработивме и како го трошевме имотот. Тогаш ќе има каеење и голема загуба. Секој што поседува недозволен (харам) имот нека побрза да се ослободи од него, доколку е туѓ имот нека му го врати на сопоственикот барајќи прошка, пред да дојде денот кога нема раздолжување со пари, туку со добрите и лошите дела.

 

Конзумирање на алкохол, па дури и една капка:

 

            Аллах, субханеху ве теала, вели: „О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате.[145] Наредбата за избегнување на најсилен можен начин укажува на забраната на алкохолот. Алкохолот е спомнат заедно со идолите кои се божества и кипови на неверниците. Нема доказ тој што вели Аллах не рекол дека е харам, туку рекол да го избегнуваме. За казната за ова дело зборува следниот хадис, кој го пренесува Џабир, радијал-лаху анху: „Аллах се заветувал дека тој што пиел алкохол ќе го напои со Тинетул Хабал. Го прашаа: „Што е Тинетул Хабал, Божји пратенику?“ Одговори: „Потта на џехенемлиите и она што се цеди од нив.[146]

Ибн Абас, радијал-лаху анхума, го пренесува следниов хадис: „Тој што ќе умре како зависник од алкохол на Судниот ден ќе се сретне со Аллах како обожувач на идол.[147]

Во ова време постојат многу различни видови на алкохол и опојни пијалоци, со различни арапски и неарапски имиња: пиво, вино, ракија, водка, виски, шампањ и сл. Се појавија во овој умет и тие што ги опишал Божјиот Пратеник, алејхи селам, со зборовите: „Луѓе од мојот умет ќе пијат алкохол и истиот ќе го нарекуваат со други имиња.[148]

Истите ги именуваат како пијалоци за душа наместо алкохол, со цел да измамат и да маскираат. „Тие мислат дека ги мамат Аллах и тие што веруваат, иако, не чувствувајќи го тоа, самите себеси се мамат.

Исламското право поставило правило и одлучувачки критериум за да се стави крај на поигрувањето и мамењето во врска со алкохолот. Тој критериум е спомнат во следниов хадис: „Сè што опива е вино (алкохол) и сè што опива е забрането (харам).[149]

Сè што влијае врз разумот и го опива е харам, во мали и големи количини, како што е потврдено во следниов хадис: „Тоа што опива во големи количини и во мали количини е харам.[150] Колку и да има различни имиња, суштината е една, и верскиот пропис е еден. На крајот, еве еден совет од Божјиот пратеник, алејхи салату ве селам, во врска со алкохолот, во кој тој вели: „Кој ќе се опие со алкохол, нема да му се прими намазот четириесет утра и ако умре ќе влезе во Оганот, а ако се покае Аллах ќе го прими неговото покајание. Доколку повторно се опие со алкохол, нема да му се прими намазот четириесет утра и ако умре ќе влезе во Оганот, а ако се покае Аллах ќе го прими неговото покајание. Па ако повторно се опие со алкохол, нема да му се прими намазот четириесет утра и ако умре ќе влезе во Оганот, а ако се покае Аллах ќе го прими неговото покајание. Доколку го повтори Аллах со право ќе го напои со Редгатул хабал.“ Го прашаа: „Што е Редгатул хабал?“ „Исцеденото од џехенемлиите“, одговори тој.[151]

Користење на златни и сребрени садови за јадење и пиење:

            Речиси и да нема дуќан кој во понудата на садови нема златни и сребрени садови, или во најмала рака позлатени и посребрени. Таквите садови ги среќаваме во куќите на богатите и во луксузните хотели. Овој вид на садови станаа и престижни подароци кои луѓето меѓусебно си ги подаруваат при различни пригоди. Некои луѓе не ги користат во своите домови, но истите ги користат при различни поводи во туѓи куќи. Сите овие работи според исламскиот верозакон се сметаат за забранети. Од Божјиот Пратеник, алејхи селам, се пренесува тешка опомена за користењето на овој вид садови. Уму Селеме, радијал-лаху анха, го пренесува следниов хадис: „Тој што јаде и пие од сребрени и златни садови, во неговиот стомак клокоти пеколниот оган.[152]

Овој пропис важи за сè она што се користи при јадење и ги опфаќа чиниите, виљушките, лажиците, ножевите, послужавниците, кутиите за десерт при свадби и слични пригоди. Некои луѓе велат: „Ние не ги користиме за јадење туку како украс зад стаклата на нашите ормари“ и слично. И оваа употреба не е дозволена, како превентива. [Ова го имам слушнато директно од исламскиот зналец Абдул Азиз ибн Баз, Аллаховата милост нека е над него]

Лажно сведочење:

 

            Аллах, субханеху ве теала, вели: „...па чувајте се од валканоста на киповите и чувајте се од лажниот говор![153]

Абдурахман ибн Ебу Бекрете, радијал-лаху анхума, од неговиот татко го пренесува следниов хадис: Бевме кај Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, кога тој рече: „Дали сакате да ве информирам за најголемите големи гревови (3 пати): припишување придружник на Аллах, непослушност кон родителите и беше потпрен па седна и рече: и лажно сведоштво. Тоа го повторуваше толку сè додека рековме: би сакале да замолчи.[154]

Повторувањето на зборовите за кривиот говор и лажното сведочење, тука има цел да ги опомене луѓето кои кон овој грев се однесуваат несериозно. Истиот е причина за завист, непријателства и други форми на нанесување на штета. Колку права се загубени заради лажно сведочење? Колку невини се изложени на неправда заради лажно и криво сведочење? Колку луѓе, преку тоа, го присвоиле она што не е нивно и добиле удели кои не им следуваат? Некои премногу лесно нудат да бидат сведоци за сопственост на земја, куќа, сведочат дека се работи за добра личност следејќи го принципот: сведочи во моја корист а јас ќе сведочам во твоја, иако можеби воопшто не го познава и за првпат со истиот се сретнал на влезот во судот или во неговите ходници. Во сите овие случаи се работи за лага и за криво сведочење. Нашето сведочење треба да биде во согласност со Аллаховата Книга: „...ние го сведочиме само тоа што го видовме...[155]

 

Слушање на музички инструменти и музика:

 

            Ибн Месуд, радијал-лаху анху, се колнеше во Бога дека во ајетот: „Има луѓе кои купуваат залуден говор, за, незнаејќи, од Аллаховиот пат да одвраќаат...“ се работи за музиката.[156]

Ебу Амир и Ебу Малик Ел Еш'ари, радијал-лаху анхума, пренесуваат, Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во мојот Умет (народ) ќе има луѓе кои ќе го дозволуваат блудот, свилата, алкохолот и музичките инструменти.[157]

Енес, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „Во мојот Умет некои луѓе ќе се казнат со земја која ќе ги проголта, со камења кои ќе паѓаат од небото и со изобличување. Тоа ќе се случи кога луѓето ќе се опиваат со алкохол, кога ќе имаат пеачки и кога ќе користат музички инструменти.[158]

Божјиот Пратеник забранил користење на тапан, а звукот на зурлата го нарекол глас на будалестиот грешник. Поранешни алими, како Имам Ахмед, имаат јасен став дека музичките инструменти како флаутата, тамбурата, кавалот, гуслите, тапанот со металните делови, се забранети. Нема сомнеж дека во категоријата на забранети музички инструменти влегуваат и современите, како што се виолината, трубата, клавијатурите, пианото, гитарата и сл. Негативното влијанието на овие инструменти е, секако, уште поголемо отколку на инструментите спомнати во хадисите. Музиката честопати опива повеќе и од самите алкохолни пијалоци, како што тврдат исламските алими, меѓу кои е и Ибн Кајим. Гревот е поголем доколку музиката ја следи пеење на пеачки, и доколку текстот на песната зборува за љубовта, страстите, за љубовниците опишувајќи ги нивните убавини. Заради тоа учените луѓе уште на времето рекле дека музиката е поштарот на блудот и дека таа засадува лицемерие во срцето. Воопштено кажано, музиката и песните во денешно време се едно од најголемите искушенија. Проблемот е зголемен со користењето на музиката во бројни предмети како што се часовниците, домашните ѕвона, детските играчки, компјутерите, телефоните, така што избегнувањето на овој грев бара силна волја, Аллах нека ни е напомош.

 

 

Озборувањето:

 

            При многу собири озборувањето и газењето на честа на муслиманите стана овошјето кое им се сервира на луѓето. Озборувањето го забранил Аллах и наредил луѓето да не го прават опишувајќи го со форма која е одвратна за луѓето со нормална природа, како што стои во ајетот: „И не озборувајте се едни со други! Зарем на некого од вас му е мило да го јаде месото на својот мртов брат? – а вам тоа ви е одвратно...[159] Значењето на озборувањето го опишал Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, кој рекол: „Дали знаете што значи озборувањето?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“ Прашаа: „А доколку тој го има тоа што го спомнуваме?“ „Доколку тоа го има вие тогаш го озборувате а доколку го нема тогаш го клеветите“, одговори Божјиот Пратеник. [160]

Озборување е да го спомнеш она што твојот брат муслиман не сака да го кажеш а што е поврзано со неговото тело, вера, овој свет, со него самиот, неговиот морал и изглед. Озборувањето има неколку форми, како што се: спомнувањето на недостатоците, имитирање на неговото однесување со цел на потсмев. Озборувањето е занемарен грев иако истиот е грд и неприфатлив кај Аллах, субханеху ве теала. Ова го потврдува и следниов хадис: „Камата има седумдесет и два вида, најголемата е на ниво на интимен однос со сопствената мајка, а најниската форма на камата е на ниво на газењето на честа на човек, преку неговото озборување.[161]

Секој што е сведок на озборувањето треба да го спречи ова зло и да го одбрани озборуваниот, и на ова дело нè поттикнал Божјиот Пратеник, алејхи селам: „Кој ќе ја одбрани честа на својот брат, Аллах ќе го заштити неговото лице од џехенемскиот оган на Судниот ден.[162]

Пренесувањето на туѓ говор со цел да предизвика непријателство:

            Пренесувањето на туѓ говор со цел да предизвика непријателство е сè уште една од најголемите причини за прекинување на врските и за распалување на омразата и зависта помеѓу луѓето. Тој што го прави ова дело е критикуван од страна на Аллах, субханеху ве теала, како што стои во ајетот: „И не слушај никаков презрен кривоклетник, клеветник, тој што пренесува туѓи зборови.“[163]

Хузејфе го пренесува следниов хадис: „Нема да влезе во џенет 'катат'.“[164] Во Ел Нихаје на Ибн Есир 4/11 се вели: Катат е тој што скришум го слуша разговорот на луѓето и потоа со цел да предизвика непријателство, го пренесува. Ибн Абас, радијал-лаху анхума, вели: Божјиот Пратеник помина покрај една од мединските градини и го слушна гласот на двајца кои се казнуваа во нивните гробови. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рече: „Се казнуваат, но не за дело кое е големо (не го сметаат за големо), а напротив тоа е големо. Едниот не внимаваше при нужда а другиот пренесуваше туѓ говор.[165]

Во формите на овој грев спаѓа: поттикнувањето на нетрпеливост помеѓу брачните другари со цел да се разведат, како и примерот кога некои вработени го клеветат нивниот колега кај директорот или шефот со цел да му направат проблем или да предизвикаат конфликт помеѓу нив. Сите овие дела се забранети. Ѕиркање во внатрешноста на куќите на луѓето, без нивна дозвола. Аллах, субханеху ве теала, вели: „О, верници, во туѓи куќи не влегувајте додека за тоа дозвола не побарате и додека домашните не ги поздравите; тоа ви е подобро, поучете се![166]

Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, ја објаснил причината за барањето дозвола велејќи дека е заради можност да бидат изложени на нашиот поглед некои срамоти на тие што живеат во внатрешноста на куќата. Барање на дозвола за влез е пропишано заради погледот.[167]

Во денешно време со блискоста на куќите, со прилепеноста на зградите, блискоста на прозорците, можноста да видиш нешто што не ти е дозволено е голема. Истовремено, малкумина ги спуштаат своите погледи, и мамејќи преку своите прозорци и балкони гледаат во она што не им е дозволено во околните или пониските куќи. Ова мамење е недозволено и е непочитување на честа на соседите и преку него може да се предизвика нешто што не е дозволено, мноштво проблеми и искушенија. Доволен доказ дека се работи за недозволено дело е фактот што исламскиот верозакон го обезвредил окото на тој што шпионира. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе погледне во внатрешноста на куќа без дозвола на сопствениците, дозволено им е да му го извадат окото.[168]

Во друго предание се вели: “Истерајте му го окото, за истото нема отштета ниту компензација.[169]

Дошепнување на двајца во присуство на третиот:

 

            Ваквото однесување, за жал, е присутно на многу собири, и истото го користи шејтанот за да ги подели муслиманите и за да поттикне меѓусебно непријателство. Божјиот Пратеник го појаснува прописот, но и причината за оваа верска забрана: „Ако сте тројца немојте двајца да се дошепнувате без третиот, сè додека не се помешате со поголема група, затоа што тоа (дошепнување) ќе го натажи.[170]

Овој пропис се однесува и на дошепнувањето на тројца во присуство на четвртиот итн. Не е дозволено и користењето на јазик кој не го разбира третиот, затоа што таквото дело дава порака на потценување на истиот. Исто така и дошепнувањето на двајца кое може да се разбере како заговор против третиот.

Носењето на многу долга облека:

 

            Овде се мисли на грев кој е занемарен од многу муслимани, но во основа е голем грев и се однесува на носењето на долга облека под ножниот зглоб. Облеката на некои ја допира земјата а има и такви што со својата облека ја бришат истата. Ебу Зер, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „Со тројца на Судниот ден нема да зборува Аллах, нема да ги погледа, нема да ги исчисти и за нив е подготвена болна казна: тој што носи облека подолу од глуждот, тој што помага и тоа потоа го спомнува и тој што со лажна заклетва ја продава својата стока.[171] Тој што се оправдува велејќи дека облеката му е долга но не поради вообразеност, се вреднува себеси на недозволен начин. Спомнатата опомена за казна е општа, без оглед дали причината е вообразеност или не. На ова укажува хадисот: „Сè од облеката што достигнува под глуждот е во џехенемскиот оган.[172]

Доколку истото го прави поради вообразеност и надменост казната е уште поголема, и истата е спомната во хадисот: „Кој ја влече (по земја) облеката заради надменост, Аллах нема да го погледне на Судниот ден.[173]

Вака ќе биде казнет затоа што споил два грева. Спуштањето на сите видови облека под глуждот е исто така забрането, и на тоа укажува хадисот кој го пренесува Ибн Омер, радијал-лаху анхума: „Исбалот (спуштањето на облеката под глуждот) се прави и со изар (долна облека кај Арапите слична на здолниште), со кошула и со чалма. Кој тоа ќе го направи заради надменост, Аллах нема да го погледа на Судниот ден.[174]

На жените со хиџаб им е дозволено облеката да биде подолга една или две педи заради сигурност од откривање, но секако не треба да се премине границата, како што се прави со свадбените фустани кои се долги и по неколку метри и истите мора да се носат од тие што одат зад невестата.

Златниот накит за мажи во секоја форма:

 

            Ебу Муса Ел Еш'ари, радијал-лаху анху, ни го пренесува овој хадис: „На жените од мојот Умет им се дозволени златото и свилата а тие се забранети за машкиот пол.[175] Денес на пазарот можеме да најдеме многу златен накит за мажи, очила, часовници, копчиња, пенкала, медалјони произведени од различни карати на злато или, пак, се целосно позлатени. Во недозволените дела спаѓа и делењето на награди како златни часовници за мажи. Ибн Абас, радијалл-аху анхума, пренесува: Божјиот Пратеник виде златен прстен на раката на еден човек, го зеде, го фрли и рече: „Зарем некој од вас ќе земе жар и ќе го стави на рака?! Откако Божјиот Пратеник замина му рекоа: „Земи го прстенот и искористи го за нешто.“ „Нема да го земам никогаш она што го фрли Божјиот Пратеник“, рече човекот.[176]

Кратката и тесната проѕирна облека, посебно за жените:

 

            Во ова време оваа појава е широко распостранета,преку модата и трендот, кои се диктираат од страна на немуслиманите и се промовираат кај муслиманите. Таквата облека повеќе открива отколку што покрива заради проѕирноста и затоа што е тесна, не е дозволено истата да се носи дури и во присуство само на жени или пред блиски роднини. Божјиот Пратеник, алејхи селам, нè информирал дека оваа форма на облека ќе се распространи кај жените пред Судниот ден. Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „Две групи на луѓе од пеколот не сум ги видел. Луѓе со камшици како опашки на крави со кои ќе ги удираат луѓето и жени облечени, а соблечени, кои се нишаат при одење а главите им се како грба од Бухт (долговратна камила). Тие нема да влезат во рајот ниту ќе ја почувствуваат неговата миризба која оддалеку се чувствува.[177] Во оваа категорија на облека влегуваат и здолништата со еден или со повеќе отвори, каде при седнување се откриваат интимните делови на женското тело. Не е дозволено и имитирањето на немуслиманите кои преку модата поставуваат стандарди на облекување кое повеќе открива отколку што покрива. Го молиме Аллах да ни помогне. Опасни се и следниве работи: Облека на која има слика од пеачи, музички групи, алкохолни пијалоци, слики на живи суштества кои не е дозволено да се цртаат, крстови, амблеми на екипи и различни организации, текст кој не е прифатлив за моралните луѓе, кој честопати се пишува на различни странски јазици.

Екстензија на косата со човечка или друга коса, и за мажите и за жените:

 

            Есма бинт Ебу Бекр, радијал-лаху анхума, вели: Една жена дојде кај Божјиот Пратеник, алејхи селам, и праша: „Божји Пратенику мојата ќерка ќе оди невеста, се разболи и почна да ѝ паѓа косата. Дали да ѝ вплетам друга коса?“ Тој одговори: „Аллах ги проколнал таа што вплетува и таа што бара да ѝ се вплете (туѓа коса).[178]

Џабир, радијал-лаху анху, пренесува: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, забранил жената да вплетува нешто во нејзината коса.[179]

Пример во ова време се периките кои се користат, како и другите недозволени работи на надградување на коса кои се прават во салоните за убавина. Не се дозволени и периките кои ги користат неморалните мажи и жени, артисти во филмовите и при театарски претстави. Имитирање на жените од страна на мажите и на мажите од страна на жените во облека, говор и став. Природно е мажот да ја чува својата машка природа како што го создал Аллах. Природно е и жената да ја чува својата женска природа како што ја создал Аллах. Ова е неопходно за еден нормален живот на луѓето, затоа што поистоветувањето на жените со мажи и обратно е спротивно на нивната природа, и отвора врати на опасност, неморал и рушење на моралните вредности во едно општество. Ова дело според исламскиот верозакон е забрането, со текст на објава во која се проколнуваат тие што се поистоветуваат (го имитираат) спротивниот пол. Од Ибн Абас, радијал-лаху анхума, се пренесува овој хадис: „Аллах ги проколнал мажите кои ги имитираат жените и жените кои ги имитираат мажите.[180]

Од Ибн Абас, радијал-лаху анхума, се пренесува и овој хадис: „Аллах ги проколнал женскастите мажи и машкуданестите жени.[181]

Имитирањето се прави со движења, од, држење на телото, говор и став. Не е дозволено и носење на облеката и аксесоари кои се посебни за обата пола. На мажот не му е дозволено да носи ѓердани, алки, алки на нозете, обетки, и други украси специфични за жените како што прават некои категории на мажи. На жените не им е дозволено да носат облека која е за мажи и треба да носат поинаква боја, крој и сл. Доказ за тоа дека едниот пол треба да се разликува од другиот е следниов хадис, кој го пренесува Ебу Хурејре, радијал-лаху анху: „Проколнат е оној маж што носи женска облека и онаа жена што носи машка облека.[182]

Боење на косата со црна боја:

 

            Според најисправното мислење такво нешто е забрането поради јасната закана (опомена) во говорот на Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем: „Пред Судниот ден ќе се појават луѓе кои ќе ја бојадисуваат косата во црно, како црните гради на гулабите. Таквите нема да ја почувствуваат миризбата на џенетот.[183]

Ова дело е распострането кај многумина кои седите влакна на косата или брадата ги бојадисуваат со црна боја и со тоа: Мамат и ја менуваат реалната состојба.

Не го покажуваат својот вистински изглед.

Ова, секако, влијае и врз нивното однесување.

Доведува до нарцисоидност.

Има автентични докази дека Божјиот Пратеник ја менувал бојата на седите влакна со кана, црвенкаво жолта боја која има и нијанси на кафеаво. На денот на освојувањето на Мека го доведоа Ебу Кухафе (таткото на Ебу Бекр) чијашто коса беше многу седа. Аллаховиот пратеник алејхи салату вес-селам рече: „Променете го ова белило, но избегнувајте ја црната (боја).[184]

Овој пропис е еднаков и за машкиот и за женскиот пол, според исправното мислење.

Сликање на живи суштества на облека, ѕид или на хартија:

 

            Абдулах ибн Месуд, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „На Судниот ден цртачите (сликарите) ќе се казнат со најжестока казна.[185]

Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „Аллах, субханеху ве теала, вели: Кој е понеправеден од тој што сака да создаде како што создавам, нека создадат зрно жито или зрно пченка.[186]

Ибн Абас, радијал-лаху анхума, го пренесува следниов хадис: „Секој сликар е во пеколот, за секоја слика (на живо битие) ќе се создаде душа и ќе се казнува во пеколот.“ Ибн Абас, радијал-лаху анхума, вели: „Доколку сакаш да црташ, нацртај дрво или нешто што нема душа.[187]

Овие хадиси укажуваат на забрана на сликање, печатење, вајање, леење во калап, резбање на живи битија, луѓе или други живи битија кои имаат душа. Хадисите за забрана ги опфаќаат сите живи суштества, но не и растенијата. Муслиманот им се покорува на овие текстови и не дебатира велејќи – јас не ги обожувам ниту им се клањам! Ако со здрав разум ја анализираме едната негативна последица, а таа е енормната распространетост на сликите и фотографиите, ќе согледаме дека исламскиот верозакон мудро постапил кога го забранил ова дело. Многу слики имаат негативни последици и поттикнуваат страсти и разврат. Многу случаи на блуд започнале со слика. Должност е на муслиманот во својата куќа да не држи слики на живи битија за да не создаде пречка и во неговата куќа да не влегуваат мелеците. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче или слики.[188] Во некои куќи има и скулптури, меѓу кои и на божества, кои ги обожувале политеистите и истите ги сметаат за уметнички дела. Забраната за овие скулптури е уште построга. За сликата обесена на ѕид забраната е построга отколку за таа што не е обесена. Колку такви слики биле причина за нечие величање, предизвикале тага, биле причина за фалење и гордеење. Немој да велиш дека сликата е за сеќавање. Вистинското сеќавање за саканиот и за блискиот е во срцето и во молитвите, Аллах да му се смилува и да му ги прости гревовите. Сите слики треба да се изнесат од домот или да се избришат освен оние чие што бришење е тешко и напорно, како сликите на амбалажи кои се широко распостранети, сликите во речници, енциклопедии кои се потребни но во кои треба да ги избришеме, особено лошите слики. Дозволено е да се чуваат слики кои се неопходни, како сликите во личните документи. Некои алими дозволуваат слики врз предмети кои се газат. „Па плашете се од Аллах колку што можете“[189]

Лага поврзана со сон:

 

            Некои луѓе намерно исмислуваат соништа кои не ги виделе за да бидат почитувани или спомнувани кај другите луѓе, за да заработат материјални средства, за да исплашат некого со кого се во непријателство. Неуките имаат многу погрешни убедувања поврзани со соништата па затоа лесно е да се измамат со овие лаги. За ова дело има тешка закана од Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, кој рекол: „Во групата на најголеми клевети спаѓаат: да тврдиш дека во сон си видел нешто што не видело твоето око и да тврдиш дека Божјиот Пратеник, алејхи селам, рекол нешто што не го рекол.[190]

Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Тој што тврди дека видел во сон нешто што не го сонувал, ќе биде казнет да врзе две зрна јачмен во чвор, а тоа нема да може да го направи.[191]

Да врзеш две зрна во чвор е невозможно, па затоа казната е според видот на делото.

Седење и газење врз гроб и вршење на нужда во гробишта:

 

            Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, вели: Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „Да седне врз жар и да му изгори облеката сè до кожата е подобро за него отколку да седне врз гроб.[192]

Има и такви кои газат врз гробови при посета на гробиштата или при церемонија на закоп и со тоа покажуваат непочитување кон закопаните во тие гробишта. Колку голем грев е ова ни појаснува следниов хадис: „Повеќе би сакал да одам врз жар или врз меч, или да зашијам налани со моите нозе, отколку да згазам врз гроб на муслиман.[193]

Секако дека гревот на оној што ќе присвои земја на гробишта и врз неа гради станбен или трговски проект е многу поголем. И вршењето нужда внатре или во близина на гробиштата, кое го прават луѓе без морал и етика, е дело кое ги вознемирува мртвите кои се закопани во тие гробишта, и за тоа дело во еден хадис се вели: „Сеедно е дали ќе извршам нужда насред гробишта или насред чаршија.[194]

Грдоста не вршење нужда во гробишта е еднаква на грдоста на разголување и вршење нужна насред чаршија каде поминуваат луѓе. Удел во овој грев имаат и оние што фрлаат отпадоци во гробишта, а посебно оние што се напуштени или не се користат. При посета на гробишта убаво е: Да се соблечат обувките при одење меѓу гробови.

Невнимавање при вршење на мала нужда:

 

            Исламскиот верозакон со својата убавина инсистира не сè што е корисно за луѓето. Инсистира и на личната хигиена заради која е пропишано чистењето по малата и големата нужда, давајќи детали за начинот и формата на тој вид хигиена. Една категорија на луѓе не внимава на отстранувањето на нечистотијата која останува на нивното тело и облека и со тоа нивниот намаз не е исправен. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, во своите хадиси ни дава до знаење дека ваквото дело е причина за казнување во гробот. Ибн Абас, радијал-лаху анхума, пренесува: Божјиот Пратеник помина покрај една од мединските градини и го слушна гласот на двајца кои се казнуваа во нивните гробови. Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рече: „Се казнуваат, но не за дело кое е големо (не го сметаат за големо), а напротив, тоа е големо. Едниот не внимаваше при нужда а другиот пренесуваше туѓ говор.[195] Тој, алејхи салату ве селам, истакна: „Дека најголемата причина за казнување во гроб е (невнимание при) уринирањето.[196] Невнимавањето при уринирање опфаќа:

Брзање и прекинување на истото пред потполното празнење,

Уринирање во форма и на место каде урината ќе го испрска по облеката и телото,

Запоставување на чистењето по големата и малата нужда.

Во ова време се соочуваме и со различни форми на имитирање на немуслиманите: Поставување на писоари во јавните тоалети на видливо место, блиску едни до други и при тоа имаме откривање на срамните места пред други луѓе и чистата облека ја валкаме запоставувајќи го чистењето по извршената нужда. На едно место се прават две недозволени работи:

Прва: Откривање на интимите делови пред други луѓе,

Втора: Не се пази од капките на урината ниту, пак, се чисти по извршената нужда.

Прислушкување на други без нивна дозвола:

 

            Аллах, субханеху ве теала, вели: „И не шпионирајте се едни со други...[197]

Ибн Абас, радијал-лаху анхума, го пренесува хадисот: „Тој што без дозвола го прислушкува разговорот на група луѓе на Судниот ден во двете ува ќе му се сипе стопено олово.“[198]

Ако тој говор го пренесува без нивно знаење и им причинува штета, тогаш на првиот грев му се додава и втор. На таквите се однесува хадисот: „Нема да влезе во џенет 'катат'.[199] Катат е тој што скришум го слуша разговорот на луѓето и потоа го пренесува со цел да предизвика непријателство помеѓу нив.

Лошо однесување кон соседите:

 

            Аллах во својата Книга не советува за добар однос кон соседите, велејќи: „И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите правете им добро, и на роднините, и на сирачињата, и на сиромашните, и на блискиот сосед и на далечниот сосед, и на пријателот, и на патникот, и на тој што е во ваша сопственост! Аллах, навистина, не ги сака горделивите и фалбаџиите![200]

Вознемирувањето на соседот е голем грев заради големото право кое го има. Ебу Шурејх, радијал-лаху анху, ни го пренесува хадисот на Божјиот Пратеник, алејхи селам: „Се колнам во Аллах, не поверувал, се колнам во Аллах, не поверувал, се колнам во Аллах, не поверувал“. Прашаа: „Кој не поверувал Божји пратенику?“. „Тој од чиешто вознемирување не е сигурен неговиот сосед“, одговори.“[201]

Во друг хадис вреднувањето на соседот за неговиот сосед се смета за мерило на добрината или лошо однесување, Ибн Месуд, радијал-лаху анху, пренесува: Еден човек го прашал Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем: „Божји Пратенику, како да знам дали добро или лошо чинам?“ Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, му одговори: „Ако ги чуеш соседите како велат: „Добро работи“, тогаш добро работиш, а ако ги чуеш како велат „Лошо прави“, тогаш, лошо правиш.[202]

Вознемирувањето на соседите има многу форми:

Да забраниш да прицврсти греда во зеднички ѕид,

Да изградиш висока куќа која ќе го спречи сонцето и воздухот да оди кон соседот, без негова дозвола,

Да ставиш прозорец на ѕидот свртен кон неговиот двор или куќа,

Да го вознемируваш со наподносливи звуци, како чукање и викање, посебно во време на одмор и спиење,

Тепање на децата на соседите,

Фрлање на отпад пред вратата на соседот.

Гревот е поголем и казната е поголема доколку се прави против соседот, како што опоменува Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем: „Блудот со десет жени е помал грев отколку блудот со жената на соседот, кражбата од десет куќи е помал грев отколку кражбата од куќата на сосед.[203]

Тешко на тие неранимајковци кои го користат отсуството на соседот за да влезат во неговата куќа за да направат неред во неа. Зарем не се плашат од болната казна на оној свет.

Неправда при составување тестамент:

 

            Во основните темели на исламскиот верозакон е спечувањето на било која форма на нанесување на штета, како на пример: Да им се наштети на легитимните наследници или на дел од нив. Тие што тоа го прават се спомнати во опомената на Божјиот Пратеник, алејхи селам, кој вели: „Кој наштетува ќе му се наштети, кој отежнува ќе му се отежни.[204] Пример на тоа е спречување на легитимниот наследник да го добие она што му припаѓа од наследството, со тестамент да се додели наследство на некој што веќе наследува а што не е дозволено во исламскиот верозакон, со тестамент да остави повеќе од една третина од неговиот имот. Во земји во кои не се спорведува исламскиот верозакон, на легитимниот наследник не му се дава наследството кое му го одредил Аллах и истите тие судови го спроведуваат тестаментот кој според шеријатот е неправеден само затоа што е запишан и заверен кај нотар или адвокат. Тешко ним за она што го пишуваат и тешко ним за начинот на кој заработуваат.

 

Игрите со зар(коцки):

 

            Многу распространетите и популарни игри содржат забранети елементи, таков е и зарот (коцката), кој се користи и фрла во многу игри каква што е, на пример, таблата. Божјиот Пратеник, алејхи селам, нè предупреди за користењето на заровите, кои го отвораат патот кон комарот и другите хазардни игри, со зборовите: „Кој игра со зар е еднаков на тој што својата рака ја турнал во месо од свиња и нејзината крв.[205]

Ебу Муса, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „Тој што игра со зарови е непокорен кон Аллах и кон Неговиот Веровесник.[206]

Проколнување на верник и проколнување на тие што тоа не го заслужуваат:

 

            Многу луѓе не ги контролираат своите јазици кога се лути и без ималку страв проколнуваат, луѓе, животни, предмети, денови и часови, се проколнуваат себеси, децата, мажот ја проколнува жената и обратно. Ова е многу опасна работа. Ебу Зејд Сабит ибн Дахак Ел Енсари, радијал-лаху анху, го пренесува следниов хадис: „Проколнувањето на верник е еднакво на негово убиство.[207]

Имајќи предвид дека жените многу проколнуваат, Божјиот Пратеник, појасни дека тоа е причината за нивната многубројност во пеколот, тие што проколнуваат нема да бидат посредници на Судниот ден. Најопасно е што искажаното проколнување му се враќа на тој што тоа го кажал, доколку го изговорил неправедно. Така тој против самиот себеси упатил дова да биде избркан и оддалечен од Аллаховата милост.

Гласното оплакување на мртвите:

 

            Се работи за голем грев, кога, а тоа најчесто го прават жените, врескаат и плачат за тој што починал, кога го удираат своето лице, кога ја кинат облеката, ја кратат или целосно ја бричат косата. Ова дело укажува на незадоволство со Божјата одредба, и на недостаток на трпение при искушение, Божјиот Пратеник, сал-лал--лаху алејхи ве селем, ги проколнал тие што ова го прават: Ебу Умаме, радијал-лаху анху, пренесува дека, Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што го гребе лицето, што ја кине облеката, и таа што нарикува тешко мене и сл.[208]

Абдуллах ибн Месуд, радијал-лаху анху, ни го пренесува следниот хадис: „Не е од нас таа што го удира своето лице, што ја кине облеката и која изговара зборови од времето на џахилијетот (предисламско време).[209]

Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, вели: „Таа што лелека, ако не се покае пред смртта, на Судниот ден ќе има облека од катран и од красти (шуга).[210]

Удирање и тетовирање на лице:

 

            Џабир, радијал-лаху анху, пренесува, Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, забранил удирање и жигосување на човековото лице.[211]

Има такви родители и учители кои децата и учениците при грешка ги казнуваат со шамар по лицето, и истото го прават и некои луѓе со своите вработени. Ова дело, покрај понижувањето со удар по лице кое е создадено од Аллах, е опасно и поради можноста да се загуби некое сетило, кои ги има лицето. Може да биде причина за каење па дури и тужба за обештетување. Што се однесува до жигосувањето на лицата на животните, ставање на знакови на сопственикот, за да се препознае, и доколку се загуби да му се врати, тоа не е дозволено затоа што содржи нанесување на болка и деформација. Доколку некој има потреба за такво нешто, истото му е дозволено да го направи но не на лицето. Тој жиг може да се стави на друго место, но не и на лицето.

Бојкотирање на муслиман повеќе од три дена без верски оправдана причина:

 

            Дел од стратегијата на шејтанот е создавање на непријателствo помеѓу муслиманите, и честопати тие што потпаѓаат под неговото влијание, не зборуваат со своите браќа муслимани, поради верски неоправдани причини, поради некоја ситуација на недоразбирање или поради некој материјален интерес. Ваквата лутина потоа трае долго време, се колнат дека нема да им прозборат, дека нема да влезат во нивниот дом, кога на улица ќе се сретнат лицето го вртат на друга страна, или на некој собир се одминуваат не поздравувајќи се. Ваквото однесување е причина за слабеење на муслиманската заедница, па затоа исламскиот пропис е строг, а гревот за ова дело е голем. Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, пренесува дека Божјиот Пратеник, сал-лал-лаху алејхи ве селем, рекол: „На муслиманот не му е дозволено да го бојкотира својот брат (муслиман) повеќе од три дена. Тој што тоа ќе го направи и ќе умре ќе влезе во џехенем.[212]

Ебу Хираш Ел Еслеми, радијал-лаху анху, ни го пренесува и овој хадис: „Тој што го бојкотира братот (муслиман) една година (е еднаков на тој што) му ја пролеал крвта.[213]

На човекот му е доволна казната заради избегнување на муслиманите: лишувањето од Аллаховата прошка. Ебу Хурејре, радијал-лаху анху, го пренесува овој хадис: „Делата на луѓето се претставуваат секоја недела, секој понеделник и четврток, и му се простува на секој роб верник, освен на оној роб кој го одбегнува својот брат. Му се вели (на мелекот): Оставете ги овие двајца сè додека не се смират.[214]

Ако едниот од двајцата кои се во непријателство се покае нека му се обрати на својот брат со селам, доколку така направи и биде одбиен, од него спаднува одговорноста и гревот останува на тој што го одбил помирувањето.

Ебу Ејуб, радијал-лаху анху, пренесува: „Не му е дозволено на братот муслиман да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со селам.[215]

Доколку бојкотот има верски оправдана причина како: неклањање на намазот или инсистирање на грев, и доколку истиот му користи на грешникот, враќајки го на вистинскиот пат, и влијае да ја увиди грешката, тогаш тој бојкот е верска обврска. Но, доколку истиот само повеќе ја зголемува неговата вообразеност, инает, грешење и оддалеченост, во таа ситуација не се пропишува бојкотот. Бојкотот во оваа ситуација нема позитивен ефект, напротив, неговите последици се негативни. Во оваа ситуација се препорачува да се продолжи со совет, потсетување и доброчинство кон тој што греши. На крајот, ова се верските забрани кои се занемарени но и распространети, темата е долга. За да ја надополнам истата тема планирам, со Божја дозвола, во посебна книга да ги набројам забраните спомнати во Благородниот Куран и во традицијата (Сунетот) на Божјиот Пратеник, алејхи селам. Го молам Аллах со Неговите убави имиња да ни даде богобојазливост која ќе се испречи помеѓу нас и гревовите, да ни даде покорност со која ќе ги достигнеме џенетските градини, да ни ги прости гревовите и претерувањата, да нè снабди со халал, и само Нему да му се обраќаме кога имаме потреба, да ги прими нашите покајанија и да нè исчисти од сите гревови. Тој сè слуша и ги прима нашите дови. Благословот и мирот Божји нека се врз Мухамед, врз неговите другари и семејство. Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Содржина

 

Предговор. 1

Ширкот (да изедначиш некого/нешто со Аллах) е апсолутно најголемата верска забрана: 14

Прикажувањето (рија) во ибадетите (богослужењето): 26

Ет Тијере: Злокобност (што предвестува зло): 28

Заклетвата, но не во Аллахово име: 32

Седенките со лицемерите или грешниците, дружењето и блискост со нив: 35

Недостатокот на смиреност во намазот: 36

Несериозноста и многу движења во намазот: 39

Намерно неследење (престигнување) на имамот во намаз: 40

Пристап во џамија на оној кој јадел лук, кромид или нешто што лошо мириса: 43

Зина – Блуд (недозволен полов однос): 45

Хомосексуализам: 49

Сопругата која без верска причина го одбива нејзиниот сопруг во постела: 50

Барање развод од страна на сопругата без верски оправдана причина: 52

Ез Зихар: 54

Сексуален однос со сопругата во тек на менструалниот циклус: 56

Сексуален однос во анус: 58

Неправедност помеѓу сопругите: 60

Осамување со туѓа жена: 62

Ракување со женско лице кое не е во роднинска врска: 63

Жена која ќе стави парфем при излегување од дома и така ќе помине пред мажи: 66

Патувањето на жената без сопатник (махрем): 68

Намерно гледање во туѓа жена: 69

Согласност со неморал во семејството: 71

Фалсификување на потеклото и негирање на синот од страна на таткото: 72

Конзумирање на камата: 75

Сокривање на недостатоци на стоката при нејзина продажба: 80

Неџеш (една форма на купопродажба): 82

Купопродажбата по вториот повик (езан) на џума намаз: 83

Комарот (хазардните игри) и коцката: 84

Кражбата: 87

Давање и примање на мито: 90

Узурпација на туѓо земјиште: 92

Примање на подарок за посредување: 93

Неисплатување на работник кој ја завршил работата: 96

Неправедност во подароците кон своите деца: 100

Да бараш од луѓето иако немаш потреба: 103

Барање на заем со намера да не го врати: 105

Исхрана со харам: 107

Конзумирање на алкохол, па дури и една капка: 109

Користење на златни и сребрени садови за јадење и пиење: 113

Лажно сведочење: 114

Слушање на музички инструменти и музика: 116

Озборувањето: 119

Пренесувањето на туѓ говор со цел да предизвика непријателство: 122

Дошепнување на двајца во присуство на третиот: 126

Носењето на многу долга облека: 127

Златниот накит за мажи во секоја форма: 129

Кратката и тесната проѕирна облека, посебно за жените: 130

Екстензија на косата со човечка или друга коса, и за мажите и за жените: 132

Боење на косата со црна боја: 135

Сликање на живи суштества на облека, ѕид или на хартија: 137

Лага поврзана со сон: 140

Седење и газење врз гроб и вршење на нужда во гробишта: 142

Невнимавање при вршење на мала нужда: 144

Прислушкување на други без нивна дозвола: 146

Лошо однесување кон соседите: 147

Неправда при составување тестамент: 150

Игрите со зар(коцки): 152

Проколнување на верник и проколнување на тие што тоа не го заслужуваат: 153

Гласното оплакување на мртвите: 154

Удирање и тетовирање на лице: 155

Бојкотирање на муслиман повеќе од три дена без верски оправдана причина: 157

 

 

 

 

 

 

 

 

[1] Хаким 2/375, Албани го оценува како хасен во Гајетул Мерам, стр. 14.

[2] Ет Талак, 1.

[3] Ен Ниса, 14.

[4] Хадисот го пренесува Муслим, Китабул Фадаил, бр. 130, издание Абдул Баки.

[5] Ел Енам, 115.

[6] Ел Араф, 157.

[7] Еш Шура, 21.

[8] Ен Нахл, 116.

[9] Ел Енам, 151.

[10] Ебу Давуд бр. 3486 (Сахих Ебу Давуд, бр. 977)

[11] Дарекутни, 3/7. Хадисот е сахих.

[12] Ел Маида, 3.

[13] Ен Ниса, 23.

[14] Ел Бекаре, 275.

[15] Ел Енам, 119.

[16] Ел Бекаре, 168.

[17] Мут-тефекун алејхи, Ел Бухари бр. 2511, издание со рецензија на Ел Буга.

[18] Ен Ниса, 48.

[19] Ел Исра, 23.

[20] Ен Немл, 62.

[21] Ел Араф, 194.

[22] Ел Ахкаф, 5.

[23] Ел Бухари, Ел Фетх, 8/176.

[24] Јунус, 107.

[25] Ел Кевсер, 2.

[26] Муслим, бр. 1978 издание Абдул Баки.

[27] Види: Тејсиру Азизил Хамид, стр. 158. Издание Ел Ифта.

[28] Ет Тевбе, 31.

[29] Ел Бејхеки, Ес Сунен Ел Кубра, 10/116, Ет Тирмизи бр. 3095. Албани го оценува како хасен во делото Гајетул Мерам, стр. 19.

[30] Ет Тевбе, 29.

[31] Јунус, 59.

[32] Ел Бекара, 102.

[33] Та Ха, 69.

[34] Ел Бекара, 102.

[35] Ахмед, 2/429, Сахихул Џами’, бр.5939.

[36] Сахих Муслим, 4/1751.

[37] Сахих Ел Бухари, Ел Фетх, 2/333.

[38] Ахмед, 4/156, Ес Силсиле Ес Сахиха бр. 492.

[39] Ен Ниса, 142.

[40] Сахих Муслим, 4/2289.

[41] Муслим бр. 2985.

[42] Ел Араф, 131.

[43] Ахмед, 1/389 и Сахихул Џами’ бр. 3955.

[44] Ет Таберани во Ел Кебир, 18/162. Види Сахихул Џами’ бр. 5435.

[45] Ахмед, 2/220 Ес Силсиле Ес Сахиха бр.1065.

[46] Ебу Давуд, бр. 3910, Ес Силсиле Ес Сахиха бр.430.

[47] Сахих Ел Бухари, види Ел Фетх 11/530.

[48] Ахмед, 2/125, Сахихул Џами’ бр.6204.

[49] Ебу Давуд бр. 3253, Ес Силсиле Ес Сахиха бр. 94.

[50] Сахих Ел Бухари, Ел Фетх 11/536.

[51] Ел Енам, 68.

[52] Ет Тевбе, 96.

[53] Ахмед, 5/310 и Сахихул Џами’ бр. 997.

[54] Ебу Давуд, 1/533 и Сахихул Џами’ бр. 7224.

[55] Ибн Хузејме, 1/332, Сифету Салатин-Небиј од Албани, стр. 131.

[56] Сахих Ел Бухари, види Ел Фетх, 2/274.

[57] Ел Бекаре, 238.

[58] Ел Муминун, 1-2.

[59] Ебу Давуд, 1/581 и Сахихул Џами’ бр. 7452.

[60] Ел Исра, 11.

[61] Ел Бејхеки, Сунен Ел Кубра 10/104 и во Ес Силсиле бр.1795.

[62] Муслим, 1/320-321.

[63] Сахих Муслим бр. 474, издание Абдул Баки.

[64] Ел Бејхаки, 2/93 и истиот Албани го оценува како хасен во Ирваул Галил, 2/290.

[65] Ел Бухари бр. 756. Издание Ел Буга.

[66] Ел Араф, 31.

[67] Сахих Ел Бухари, види Ел Фетх, 2/339.

[68] Муслим, 1/395.

[69] Муслим, 1/396.

[70] Ел Исра, 32.

[71] Муслим, 1/102-103.

[72] Ел Анкебут, 28-29.

[73] Ахмед, 1/300 и Сахихул Џами’ бр. 6565.

[74] Ел Бухари, види Ел Фетх, 6/314.

[75] Види Зеваидул Беззар, 2/181 и Сахихул Џами’ бр. 547. Катеб е седло кое се става врз грбот на камила за јавање.

[76] Ахмед, 5/277 и Сахихул Џами’ бр. 2703.

[77] Ет Таберани во Ел Кебир, 17/339 и Сахихул Џами’ бр.1934.

[78] Ел Муџадела, 2.

[79] Ел Муџадела, 3-4.

[80] Ел Бекаре, 222.

[81] Ел Бекаре, 222.

[82] Сунен Ет Тирмизи 1/243 и Сахихул Џами’ бр. 5918.

[83] Ахмед 2/479 и Сахихул Џами’ бр. 5865.

[84] Тирмизи 1/243 и Сахихул Џами’ бр. 5918.

[85] Ел Бекаре, 223.

[86] Ен Ниса, 129.

[87] Ебу Давуд 2/601 и Сахихул Џами’ бр. 6491.

[88] Ен Нур, 21.

[89] Тирмизи 3/474 види и Мишкатул Месабих бр. 3118.

[90] Муслим 4/1711.

[91] Таберани 20/212 и Сахихул Џами’ бр. 4921.

[92] Ахмед 1/412 и Сахихул Џами’ бр. 4126.

[93] Ахмед 6/357 и Сахихул Џами’ бр.2509.

[94] Таберани во Ел Кебир 24/342 и Сахихул Џами’ бр.7054, види Ел Исабе 4/354 издание на Дарул Китаб Ел Араби.

[95] Муслим 3/1489.

[96] Ахмед 4/418 и Сахихул Џами' бр. 105.

[97] Ахмед 2/444 и Сахихул Џами' бр. 2703.

[98] Муслим 2/977.

[99] Муслим 2/977.

[100] Ен Нур, 30.

[101] Сахихул Бухари, види Фетхул Бари 11/26.

[102] Ахмед 2/69 и Сахухул Џами' бр. 3047.

[103] Сахихул Бухари, види Фетхул Бари 8/45.

[104] Ебу Давуд 2/695. Види Мишкатул Месабих бр. 3316.

[105] Ел Бекаре, 278-279.

[106] Муслим 3/1219.

[107] Хаким во Мустедрек бр. 37 и во Сахихул Џами' бр. 3533.

[108] Ахмед 5/225 и Сахихул Џами' бр. 3375.

[109] Хаким 2/37 и Сахихул Џами' бр. 3542.

[110] Муслим 1/99.

[111] Ибн Маџе 2/754 и Сахихул Џами' бр. 6705.

[112] Бухари, види Ел Фетх 4/328.

[113] Бухари, види Фетхул Бари 10/484.

[114] Силсилетул Ехадис Ес Сахиха бр. 1057.

[115] Ел Џума, 9.

[116] Ахмед 1/129 Ахмед Шакир го оценува како Сахих бр. 1065.

[117] Ел Маиде, 90.

[118] Ел Маида, 38.

[119] Муслим бр. 904.

[120] Бухари види Фетхул Бари 12/81.

[121] Ел Бекаре, 188.

[122] Ахмед 2/387 и Сахихул Џами' бр. 5069.

[123] Ибн Маџе бр. 2313 и Сахихул Џами' бр. 5114.

[124] Бухари, види Ел Фетх 5/103.

[125] Ет Таберани во Ел Кебир 22/270 и Сахихул Џами' бр. 2719.

[126] Муслим со коментар на Невеви 13/141.

[127] Муслим 4/1726.

[128] Ебу Давуд 5132, хадисот е запишан и во двата Сахиха, Фетхул Бари 10/450, Китабул Едеб, Бабу Теавунил Муминине бе'адухум б'ада.

[129] Ахмед 5/261 и Сахихул Џами' бр. 6292.

[130] Ел Адаб Еш Шер'ије на Ибн Муфлих 2/176.

[131] Ибн Маџе 2/817 и Сахихул Џами' бр. 1493.

[132] Ел Мутаффифин, 1.

[133] Бухари, види Фетхул Бари, 4/447.

[134] Бухари, види Ел Фетх 5/211.

[135] Ел Фетх 5/211.

[136] Сахих Муслим 3/1243.

[137] Месаил Ел Имам Ахмед ли Еби Давуд стр.204.

[138] Ахмед 4/269 и Сахих Муслим бр.1623.

[139] Ебу Давуд 2/281 и Сахихул Џами' бр. 6280.

[140] Ахмед 1/388, види Сахихул Џами' бр. 6255.

[141] Ен Ниса, 58.

[142] Бухари, Фетхул Бари 5/54.

[143] Ен Несаи види Ел Муџтеба 7/314 и Сахихул Џами' бр. 3594.

[144] Ет Таберани во Ел Кебир 19/136 и Сахихул Џами' бр. 4495.

[145] Ел Маиде, 90.

[146] Муслим 3/1587.

[147] Ет Таберани 12/45 и Сахихул Џами' бр. 6525.

[148] Ахмед 5/342 и Сахихул Џами' бр. 5453.

[149] Муслим 3/1587.

[150] Ебу Давуд бр.3681 и Сахих Ебу Давуд бр. 3128.

[151] Ибн Маџе бр. 3377 и Сахихул Џами' бр. 6313.

[152] Муслим, 3/1643.

[153] Ел Хаџџ, 30.

[154] Бухари, види Фетх 5/261.

[155] Јусуф, 81.

[156] Тефсир Ибн Кесир 6/333.

[157] Бухари, види Ел Фетх 10/51.

[158] Ес Силсиле Ес Сахиха бр. 2203 и истиот му го припишува на Ибн Ебу Дунја во Земмул Мелахи. Овој хадис го пренесува и Тирмизи бр. 2212.

[159] Ел Хуџурат, 12.

[160] Муслим 4/2001.

[161] Ес Силсиле Ес Сахиха бр. 1871.

[162] Ахмед, 6/450 и Сахихул Џами' бр. 6238.

[163] Ел Калем, 10-11.

[164] Бухари, види Ел Фетх 10/472.

[165] Бухари, види Фетхул Бари 1/317.

[166] Ен Нур, 27.

[167] Бухари, види Фетхул Бари 11/24.

[168] Муслим 3/1699.

[169] Ахмед 2/385 и Сахихул Џами' бр. 6022.

[170] Бухари, види Фетхул Бари 11/83.

[171] Муслим 1/102.

[172] Ахмед 6/254 и Сахихул Џами' бр. 5571.

[173] Бухари бр. 3465 издание Ел Буга.

[174] Ебу Давуд 4/353 Сахихул Џами' бр. 2770.

[175] Ахмед 4/393 види Сахихул Џами' бр. 207.

[176] Муслим 3/1655.

[177] Муслим 3/1680.

[178] Муслим 3/1676.

[179] Муслим 3/1679.

[180] Бухари, види Ел Фетх 10/332.

[181] Бухари, види Ел Фетх 10/333.

[182] Ебу Давуд 4/355 и Сахихул Џами' бр. 5071

[183] Ебу Давуд 4/419 Сахихул Џами' бр. 8153.

[184] Муслим 3/1663.

[185] Бухари види Ел Фетх 10/382.

[186] Бухари, види Фетхул Бари 10/385.

[187] Муслим 3/1671.

[188] Бухари, види Ел Фетх 10/380.

[189] Ет Тегабун, 16.

[190] Бухари, види Ел Фетх 6/540.

[191] Бухари, види Ел Фетх 12/427.

[192] Муслим 2/667.

[193] Ибн Маџе 1/499 и Сахихул Џами' бр. 5038.

[194] Минатата референца.

[195] Бухари, види Фетхул Бари 1/317

[196] Ахмед 2/326 и Сахихул Џами' бр. 1213.

[197] Ел Хуџурат, 11.

[198] Таберани во Ел Кебир, 11/248-249 и Сахихул Џами' бр. 6004.

[199] Бухари, Ел Фетх 10/472.

[200] Ен Ниса, 36.

[201] Бухари, види Фетхул Бари 10/443.

[202] Ахмед, 1/402 и Сахихул Џами' бр. 623.

[203] Бухари во Ел Едеб Ел Муфред бр.103 и Ес Силсиле Ес Сахиха бр. 65.

[204] Ахмед 3/453 и Сахихул Џами' бр. 6348.

[205] Муслим 4/1770.

[206] Ахмед 4/394 и Сахихул Џами' бр. 6505.

[207] Бухари, види Фетхул Бари 10/465.

[208] Ибн Маџе 1/505 и Сахихул Џами' бр. 5068.

[209] Бухари, види Ел Фетх 3/163.

[210] Муслим бр. 934.

[211] Муслим 3/1673.

[212] Ебу Давуд 5/215 и Сахихул Џами' бр. 7635.

[213] Бухари во Ел Едеб Ел Муфред хадис бр. 406 и Сахихул Џами' бр. 6557.

[214] Муслим 4/1988.

[215] Бухари, Фетхул Бари 10/492.